ЕУ го блокираше спојувањето на Британскиот телеком оператор О2 и Three

Пазарот на мобилната телефонија во Велика Британија е релативно добар за потрошувачите, но ЕУ ја загрижува можноста за спојување на најголемите британски мобилни компании. Впрочем, предложено е спојување на О2 што е во сопствеништво на Telefonica и на Three што е под надзор на конгломератот Hutchison. Целта на тоа спојување е креирање нов лидер на пазарот.

Но телата за пазарна конкуренција на ЕУ не гледаат благонаклонето на ваквиот вид спојување и здружување. Професорот John Colley од Warwick Business School изјави дека од ЕУ рекоа- ,, сега е доста – што е многу, многу е”. Очигледно сите тие неодамнешни спојувања и аквизиции имаа влијание на одлуката ЕУ да го блокира наведеното спојување на О2 и Three.

Британскиот мобилен пазар драстично се промени во последните неколку години, па така T-Mobile се спои со Orange за да стане ЕЕ, кои на крајот ги ,,проголта” BT. Професорот John Colley ја анализираше моменталната ситуација во Велика Британија, во врска со мобилниот пазар и неговото мислење е дека три големи играчи можат да формираат поголеми цени на пазарот, но ако ги има четири тогаш тоа не е случај.

Конкуренцијата се намалува, а потрошувачите на крајот ја плаќаат цената за тоа. Секако, спојувањето на O2 и Three би го намалило бројот на големи мрежи кои делуваат преку своите сопствени инфраструктури. Гласноговорникот од О2 дипломатски одговори ,,како потрошувачите се нивен приоритет и дека и понатаму ќе се борат на пазарот”, додека од Three немаа никаков коментар.

error: Content is protected !!