Креативен бизнис состанок – 120 минутен пат за креативност и иновации

Минатиот месец, еден мој многу добар пријател, кој работи за средно голема ИТ компанија (200 вработени), ми напиша порака:

– “Овие тотално го изгубиле патот и немаат појма што прават”.
Пријателот, мислеше на  неговите шефови и начинот на кој што истите го воделе последниот менаџерски состанок во компанијата.
Ја чуствував фрустрацијата во неговиот коментар, бев љубопитен и сакав да знам повеќе, па го прашав – “Што се случи?”.

– Ги викнаа сите менаџери на состанок. Траеше 4 часа,  а газдите зборуваа 80% од времето. Сега знам помалку од пред да почне состанокот…ми одговори.

Се насмеав, но не на фрустрација на мојот пријател  или на неговите менаџери, кои очигледно го губат своето и продуктивното време на своите вработени, но на сопствената меморија на изгубено време и непродуктивно состаночење кое сум го доживеал многу пати.
Сум бил на непродуктивни состаноци, на кои што агендата е подолга од листата за свадбен шопинг. Каде што монолозите на газдите/менаџерите доминира како да им предаваат на збунети првооделенчиња, каде што останатите присутни се толку оддалечени и незаинтересирани, како да се работи за нешта неважни за нив.
Овие средби се често толку непродуктивни што луѓето најчесто се чувствуваат повеќе збунети откако состанокот завршил, одошто пред истиот да започне.

“Монологот ја убива креативноста и иновацијата од самиот почеток”
од книгата Дијамант Лидерство

Слушајки го пријателот, се прашував колку време, креативност, продуктивноста и профит се губи на вакви состаноци, во компаните кои имаат култури каде што просторот е доминиран од страна на еден или неколку “кои знаат сè” ?.

Мојот пријател беше на 4 часовен состанок со 15 колеги-менаџери. Тоа се 60 непродуктивни менаџерски часови поминати во монолог, конфузија и фрустрација, нула ко-креација, ниска енергија…. !!!
Ако во неговата компанија секој месец има само по една ваква средба, тоа значи дека 720 менаџерски часа се “фрлени во магла”. Е сега замислете ако организацијата е со големина на Македонски Шуми или ЕЛЕМ или било кој државен гигант…со илјадници вработени… милиони потрошени часови.

За среќа постои подобар начин.

Кога со моите колеги започнав да дизајнирам интервенции за ослободување на креативноста, иновативноста и продуктивноста кај луѓето и во компаниите, нашата најкратка форма беше (и сеуште е) 120 минутна кореографија. Мојата книга Дијамантско Лидерство е исто така посветена на новите лидерски модели како што се U процесот, генеративниот или кретивен дијалог и праксите на присуство.

Ќе споделам што правиме ние во оние 120 мин и како ги водиме нашите клиенти кон инновативните решенија?
Секој претприемач и/или лидер со мала почетна поддршка од нас, може да ја користи истата кореографија за да ги замени непродуктивни состаноци во моменти на креативност, иновативност и вклученост на сите присутни на состанокот?

KBSMakedonski__14

Овој блог и сликата погоре, се дадени за вие буквално да може да експериментирате и да го примените истово во вашата пракса и да видите како тоа функционира за вас и вашата организација и кои се резултатите.

1) Градење на Контејнерот или време за подготовка.
Ова е исклучително значајна фаза, каде што треба да се идентификува клучното прашање/а што ќе го вози вашиот тим низ “U” процесот.  Јас Ви предлагам за почеток да изберете по едно прашање за вашиот состанок.
Во оваа фаза, едно нешто што додава најмногу вредност е 10 минутна пракса на присуство која ќе ги опушти и вкорени присутните на состанокот од самиот почеток на средбата.
Ви препорачуваме да го правите ова во совршен круг и по можност без никакви состаночни маси или големи предмети помеѓу вас.
Од суштинско значење за лидерите во оваа фаза е да научат како да го “држат просторот” без да доминираат со своите монолози, осудувања, критики и страв, со што луѓето ќе започнат ем да му веруваат на лидерот, ем на себе и на процесот.

2) Лична истрага во контекст на прашањето. Поделете ја големата група во парови или тројки. Секој присутен треба да го одговара и разгледува на лично ниво клучното прашање во период од 5-7 мин. Сведоците се само тивки слушатели, кои не коментират за она што го слушаат од говорникот. Нивната единствена обврска е постојано да ви го поставуваат истото прашање.
Така, на пример, ако клучното прашање е – Како ја подобруваме комуникацијата во тимот? единствената улога на сведокот е во континуитет да ви го поставува истото прашање се додека не завршите со вашето време од 5-7 мин. Понекогаш се случува едоставно да немате моментален одговор на прашањето. Во таков случај само одговарате “немам одговор – прашај ме повторно” и така продолжувате понатаму. Да не се знае одговорот е мошне корисно за овој процес.

3) Запишување или (Journaling). Откако сите ќе го завршат својот дел од одговорањето, земете пенкало и хартија и во тишина, започнете да пишувате што е можно побрзо и без никаква цензура, сите работи кои ви се појавуваат во мигот како реакција на она што влијаело на вас за време на вашето лично одговарање, но и додека сте биле слушател – сведок. Бележете ги вашите мисли, чуства, идеи, имиџи, интуиција и се она што ве афектира во однос на клучното прашање.

4) Групна истрага. Откако ќе завршите со запишувањето, продолжете со истрагата на истото прашање, но овојпат заедно во мали групи од 3-4ца. Дајте си период од 10ина минути во кој ќе ги споделите уште подлабоко со вашите партнери искуствата што сте ги имале. Секој мора да биде вклучен и да допринесе – во ваквите процеси нема место за набљудување.

Првите 4 чекори се она што Ото Scharmer го нарекува левата страна на “U” процесот или “co-sensing” – заедничко чуствување. Некои други го викаат овој дел сеење. Вие може да го крстите како сакате, но во суштина во левата страна на “U-то” едноставно ја загревате вашата тимска – колективна интелегенција за делот на заедничко мислење (thinking together) кој следува ова.

5) Присуство или Presencing – “забавете со цел да забрзате”

Донесете ги сите учесници во групниот круг, сега сите повторно заедно. Застанете со секаква активност и останете во апсолутна тишина дисциплинирано 3 мин. Единствената активност во оваа фаза е да ја набљудувате енергијата и каде најприродно и без напор ве движи. Станете свесни за мислите, идеите, сликите и чувства кои се појавуват како доминантни во вас.

6) Генеративен дијалог
По молкот, отворете го просторот за слободна размена “ко-креативен дијалог”, каде што членовите на тимот започнуваат да ги споделуваат највредните увиди од претходните чекори. Секој треба да биде вклуен и да даде свој допринос.
Овде ја користиме заедничката енергија на креативната тензија која се појавува како резултат на нашите различности со цел да го пробиеме старото знаење во ново, иновативно учење и постоење на нашиот тим.
Посебно обрнете внимание на работите кои се повторуваат (патерни) кај неколку различни луѓе. На информациите кои му даваат енергија на вашиот тим, што ве исполнува, смее и има лесно чуство (без триење). Препознајте го ова и вклучете се во природниот тек (flow).  Ова е зоната на креација-иновација.
Внимание: Ова не е време за реплики и аргументација, тие траба вешто да се препознаваат и да се стопираат, бидејки истите само ќе го колабираат процесот и тимот ќе се врати во старата зона на непродуктивно мислење и постоење.

7) Прототип – (бербата или преземање акција). Кога ќе ја почувствувате оваа природна енергија која го зајакнува тимот, идентификувајте ги оние идеи и активности кои и понатаму ќе ја произведуваат истата. Во оваа фаза започнете да размислувате за конкретна стратегија и активности кои како тим ќе ги превземете во контекст на првичното прашање. Прототипирајте и тестирајте ги веднаш најинтересните од нив. Видете кои се резултатите и учењето од истите.

Тоа е тоа, ова функционира на големо. Обидете се и практикувајте.
Споделете ги со мене вашите резултати подоле.

Виктор Куновски

Дознајте конкретно како преку услугата Креативен Бизнис Состанок, како менаџерите и лидерите ги претвараат непродуктивните состаноци во инспиративни лаборатории кои создаваат континуирана тимска кохезија и иновација. http://www.skyisthelimit.org/kbs.html

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!