10 совети како да бидете подобро организирани и попродуктивни

Животот во хаос и неорганизираност го отежнува секојдневието. Физичкиот хаос околу вас се пренесува и на вашата психа и ја блокира вашата енергија и мотивација. Средете го вашиот простор и живот за да ги средите своите мисли и да се фокусирате на постигнување на посакуваните цели.

За таа цел Let’s reach success ги дава следниве совети:

1.Користете листа

Направете листа со обврски односно to-do листа. Друго што може да направите е да земете пенкало и хартија и да ги запишувате своите идеи. Значајноста на ова варира во зависност од тоа со што се занимавате во животот, но секогаш запишувајте ги работите кои ќе ви паднат на памет изненадно а за кои сметате дека се извонредни бидејќи во спротивно ќе ги заборавите. Исто така, запишувајте ги своите обврски за да бидете организирани и да направите се на време.

2. “3 НБР” правило

Кога ќе ја направите листата на обврски време е да ги направите и своите приоритети. Ставете ги трите најбитни работи на самиот врв на листата. Потоа пуштете се во решавањето на истите, за да можете после да преминете на помалку битните. На овој начин не само што ќе бидете многу организирани туку и ќе бидете сигурни дека се движите во вистинска насока, се поблиску до својата цел.

3. Вашиот дом нека биде чист

Чистиот дом води кон чист ум. Креативни сте, позитивни и продуктивни во уреден простор. Чистете со правосмукалка, не оставајте неизмиени садови пред да искочите од дома, и што почесто чистете ја работната површина, најдобро секој ден.

4. Ставете се на свое место 

Кога и да употребите нешто вратете го на свое место. Со ова го поедноставувате вашиот живот и нема да се најдете во неприлики како губење клучеви, новчаник, полнач и така натаму.

5. Испразнете го својот инбокс два пати на ден

Средете го својот живот со преземање контрола над своите мејлови и пораки кои може да ве натрупаат во даден момент. Најдобро е ова да го направите наутро или касно попладне. На итни мејлови и важни теми веднаш и кратко одговорете, а на останатите покасно. Направете распоред ама немојте ништо да запоставите.

6. Средете го плакарот

Многумина не носат ниту третина од облеката што ја поседуваат. Размислете за тоа овој викенд да го посветите на расчистување на вашите работи. Едноставно, земете ги сите работи кои не сте ги носеле изминативе 6 месеци и дадете ги на вашите пријатели, роднини, бездомници… Ќе се изненадите колкаво олеснување ќе почувствувате. Вашето утринско облекување ќе стане побрзо и поедноставно кога ќе дојде на ред изборот на облека.

7. Направете преглед на претходните денови и недели

За да имате увид во својот живот и за да сфатите каде понекогаш грешите, треба да направите ретроспектива на вашите денови за да знаете кога е време за промена. Ставете ги на хартија вашите финансии, обврски, потрошено време, количината на калории што сте ја внеле, колку сте спиеле… Проверете дали е се во ред.

8. Автоматизирајте

Пронајдете ги вистинските алатки со коишто ќе ги намалите вашите грижи и потрошено време. Автоматизирајте го плаќањето на сметки, наместете потсетник на уредите, симнете апликации за социјалните мрежи, автоматски одговори и така натаму. Техниката нека работи за вас.

9. Делегирајте

Направете си повеќе слободно време со тоа што ќе ги пуштите другите да ја завршат работата за којашто вие не мора да бидете присутни. Распределете ги домашните обврски на сите членови. Не одговарајте со ‘да’ на секое барање за работа и не земајте сами, работи коишто никој не ги сака. Земете за себе онолку колку што можете да завршите без стрес.

10. Средете го вашето биро 

Без разлика дали станува збор за работното биро дома или на работа, не дозволувајте да ве обесхрабрат многуте натрупани работи коишто ќе ги видите рано наутро. Најдете место за секој предмет, фрлете ги старите хартии, набавете билка и слично. Кога се е чисто и енергијата е обновена, пуштете го вашиот ум да биде продуктивен и свеж за новите работни задачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!