Funky Coworking Friday #31

#ФанкиПеток на coworking

Ако сакаш да се тргнеш од својата рутина или си уморен/на од работење сам/а те викаме да ни се придружиш. Продолжи да работиш на своите проекти, но во забавна и инспиративна средина со акцент на продуктивна работа.

Се повеќе луѓе работат надвор од досадни канцеларии или во домашна атмосфера полна со дистракции, спакувај го твојот лаптоп и придружи се во атмосфера со брз интернет, пријатна атмосфера и кул луѓе. Ќе работиме по кафе барови, во станови и канцеларии на некои компании и други неконвенционални места кои го споделуваат коворкинг духот и сака да ги запознае Скопје со креативни можности за работа во опуштена атмосфера. Работи во средина со луѓе кои истовремено работат на уникатни проекти кои никогаш не би можел да ги запознаеш.

Преку coworking градиме заедница на фриленсери, стартапи, креативни професионалци, креатори и иноватори. Заедница од луѓе кои креираат и ја обожаваат својата работа.

Пријави се за настанот на http://bit.ly/1PmmqBC

Во петок (2 септември) сме во Public Room [Javna Soba] од 12 до 16 часот.

Нема никакви трошоци за присуствување на настанот освен твоите индивидуални трошоци во барот.

error: Content is protected !!