Кинескиот јазик е иднина

Вљубеник сум во источната култура и начинот на здраво и дисциплинирано живеење на луѓето, а и од дете сакав да учам кинески јазик. Но во тоа време не постоеше никаква можност каде би учела јас како дете ученик, кинески.

1. Претставете се пред читателите на Macedonian Business Hub, која е Сузана Недевска?

Јас сум дипломиран професор по италијански јазик и книжевност и кинески јазик и книжевност на филолошкиот факултет “Блаже Конески” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, како и едногодишни студии на кинески јазик (специјализација на кинески јазик) при универзитетот “Beijing Language and Culture University” во Пекинг, НР Кина со 7 годишно искуство во дејноста професор и преведувач, а во последните неколку години и сопственик на првото специјализирано училиштето за кинески јазик Ni Hao.

2. Што ве инспирираше и поттикна да отворите училиште за кинески јазик?

Вљубеник сум во источната култура и начинот на здраво и дисциплинирано живеење на луѓето, а и од дете сакав да учам кинески јазик. Но во тоа време не постоеше никаква можност каде би учела јас како дете ученик, кинески.

Откако дипломирав и се вратив од Пекинг, знаев дека ќе ја отворам првата училница за кинески за деца, ученици и ако ништо повеќе ќе ја остварам желбата на многу деца да учат кинески. Кога децата би го изучувале кинескиот јазик уште од најрана возраст би можеле побрзо да напредуваат во долгогодишното изучување на еден комплексен јазик. Кога тој јазик би се доближил до нив уште од најрана возраст тие би го совладале за пократок временски рок.

Животот во Пекинг ме инспирираше на некој начин, бидејќи сакав да го споделам со сите мои дома, децата пред сè, оној поинаков начин на живот, размислување и посветеност на Кинезите што јас таму го научив. Си велев кај нас во Македонија мора да научат како се работи и живее посветено. Да, отворив училиште за кинески за да можеме да имаме квалитетен и поброен кадар кога за 5 години ќе имаме огромна потреба од преведувачи на пазарот. Сега сме малку, на прсти се броиме и не можеме да постигнеме со преводи. Потребна е помош од нови кадри.

3. Какво е влијанието на кинескиот јазик и култура денес? 

Како што веќе кажав, ние преведувачите имаме повеќе работа од претходно бидејќи има потреба. Кинескиот пазар, индустријата е многу раширена низ светот па и кај нас во Македонија.

Кинезите, над една милијарда и триста милиони го зборуваат кинескиот јазик како мајчин јазик што всушност е една шестина од светското население. Тие се прва нација во светот што по бројност ги надминува сите светски јазици од аспект на зборуваност на еден јазик, иако англискиот е најзборуваниот светски јазик. Што би значело дека јазикот има влијание во многу секојдневни и општествени свери од животот.

Кинеското писмо влијае и врз имагинацијата на децата и правилното ментално созревање преку приказна. (секој цртеж, карактер, знак има своја приказна зашто се пишува така како што се пишува)

Кинеската култура е оној здрав и дисциплиниран начин што го споменав. Тој ист начин на живот што веќе неколку години пробуваме и ние тука да го живееме веќе не стигна многу побрзо од што очекувавме. Тајчи и топла вода со лимон наутро за вежба на телото, духот и организмот е нешто што ние тука го практикуваме неколку години, а кинезите цел еден милениум. Како ли не дојде порано тоа влијание од Кина тука кај нас? Се надевам ќе ја откриеме и тајната за подолг и повитален живот од нив…

И на крај, секој од нас има барем една работа, предмет дома што е од Кина. Од таму (Кина) може секој да си најде сè што може да му текне и да посака.

4. Значењето на кинескиот јазик во деловниот свет?

Како што знаеме сите, економијата на НР Кина е рангирана на второто светско место па така кинескиот јазик е дефинитивно јазик на иднината. Тој за неколку години ќе биде клучен во остварувањето на успешни бизниси ширум светот.

Десетте најкупувани продукти од Кина во светот се – автомобили, железо, пластика, облека и аксесоари, чевли, мебел, играчки и спортски реквизити, електронски машини.

Замислете кога би зборувале кинески и наместо првиот контакт на англиски, електронската пошта е испратена на кинески, уште на почеток би ги добиле симпатиите за соработка и секако многу пониски цени од самиот почеток.

Дури и кога купуваме од Alibaba или TaoBao би добиле многу повеќе доколку само накратко би се обратиле на кинески наместо на англиски.

Ако нешто повеќе ви значи, основачот на Facebook, Mark Zuckerberg зборува почетен кинески а пак поранешниот австралискиот премиер Kevin Rudd дипломирал кинески јазик и флуентно го зборува.

Значењето на кинескиот јазик во светот е непроценливо, а кај нас, само јас во овие 2 години сум преведувала за 20 фирми од кинески на македонски и обратно во полето на инженерството, прехранбената индустрија, медицината, филмската индустрија.

5. Што би ги посоветувала македонските претприемачи и бизнисмени ако треба да остварат деловни средби со луѓе од Кина?

-Пазарењето е најумешната вештина што ако некој бизнисмен сака да купува во Кина по правилни цени, а не 60- 70 % покачени, мора да го умее.

-Заблагодарувањето отвара уште две врати повеќе од понудените.

-И деловните ручеци траат над 3 часа (тоа не е изгубено време) ако сакаме подобра зделка, Кинезите сакаат да мезат и да уживаат во јадењето, а посебно па кога им го претставуваат на странци.

-Првото здраво кажано на кинески е круциално за вашиот бизнис во очите на Кинезите-претприемачи.

6. Дали ќе имате бесплатни промотивни часови по кинески јазик ?

Пред да започне учебната година, од 5 до 9 септември ќе организираме бесплатни промотивни часови. Сè со цел, новите слушатели и ученици да имаат можност да се запознаат со овој нов јазик (на нашите простори) и да одлучат за понатамошната настава.

Сите што сакаат да присуствуваат на бесплатните промотивни часови можат да нè контактираат на nihaomk@yahoo.com или да се јават на 078 232 205 да добијат повеќе информации, или може да не посетат во училиштето, секој работен ден од 14 до 21 часот во Карпош 4 (трите кули до мостот Обединети Нации).

2

7. Кога започнува учебната година и каков избор на курсеви по кинески јазик им нудите?

Учебната година започнува на 15 септември

– Часови во група и индивидулани курсеви

– Редовни и убрзани курсеви

– Деловен кинески

Ни Хао организира курсеви по кинески јазик за сите возрасти : 

– Предучилишна возраст ( 4-5 години- програма соодветна за нивната возраст и знаење, изучување преку игра, песни, сказни и мултимедија)

– Училишна возраст ( 6-18 год- интерактивна програма прилагодена за нивната возраст, мултимедија)

– Студенти и возрасни (прилагодена програма за понатамошно работење со овој јазик)

Изучувањето на кинески современ јазик опфаќа изучување на мандарински кинески во пишана и зборувана форма, граматика, пишување и читање на кинеското писмо, знаци.

Воедно училиштето организира и дополнителни интерактивни часови надвор од училиштето како тајчи и чигонг, вингчун, кинески ресторан, кинеска амбасада, калиграфија.

– Часови по конверзација со професор од Кина

– Едногодишни студии во Кина со целосни стипендии и летни кампови во Пекинг

На крајот од академската година се издава сертификат за успешно завршено ниво.

Уписите се во тек повелете и научете го јазикот на иднината.

Повеќе информации на 078 232 205 односно nihaomk@yahoo.com или повелете посетете нè секој работен ден од 14 до 21 часот на нашата адреса Никола Парапунов 3А во Карпош 4 (во трите кули до мостот Обединети Нации).

error: Content is protected !!