Скопски автобуски хакатон

ЈСП Скопје ве повикува да учествувате на „Скопски автобуски хакатон“ на кој ќе се изработува иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.

За Хакатонот

ЈСП Скопје ве повикува да учествувате на „Скопски автобуски хакатон“ на кој ќе се изработува иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, треба да се пријавите на следниот линк. Поднесувањето на електронски пријави започнува од 01.09.2016 година и ќе трае до 15.10.2016 година. Рокот за пријавување може да биде продолжен по одлука на организаторите. Хакатонот ќе трае 24 часа и ќе започне на 3 декември 2016 година (сабота) во 11:00 часот.

Правила

1. Правила за учество на хакатонот 1.1. Подобност Подобни за учество на овој хакатон се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми: – Лица, идивидуалци не помлади од 18 години, – Тимови (од најмалку 2 до најмногу 5 членови не помлади од 18 години) и/или – Микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии и сектори регистрирани како трговски друштва согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија, кои постојат најмногу 6 (шест) години во моментот на аплицирање и кои воведуваат или вовеле иновации во рамки на своите деловни активности.

Награди

На натпреварот може да има само еден Победник, кој е прворангиран според утврденото во точка 2.4 и 2.5 од овој Повик. Победникот ќе биде избран за време на хакатонот, а останатите учесници уредно и транспарентно ќе ги добијат резултатите од натправарот. Победникот на хакатонот може да избере една од долунаведените награди:

– Паричен износ од 45.000 денари,

– Зимување за победникот/победниците со покриени трошоци за пат и сместување со полн пансион

– Реклама на автобуси во износ од 120.000 денари

– Реклама на автобуски постојки во износ од 120.000 денари

Сите учесници на хакатонот ќе добијат:

– Билети за жичарница за 2 возења за двајца

– Месечни билети за градски превоз за период од 2 месеци

*Наградата ќе биде обезбедена од страна на ЈСП Скопје во рок од 15 дена по потпишување на договор со победникот на хакатонот.

Комисија

Комисијата за избор е составена од преставниците на сите организатори на натпреварот:

– Јасмина Поповска – Фонд за иновации и технолошки развој

– Марјан Пеповски – Јавно сообраќајно претпријатие Скопје

– Преставник на Град Скопје

– Сашка Ивановска – Министерство за образование и наука

– Проф. Др. Иван Чорбев – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје

– Проф. д-р Верица Данчевска – Технички факултет, Универзитет Св. Климент Охридски – Битола

– Проф. Др. Азир Алиу – Технолошки Парк (SEEUTechPark)

– Проф. Д.р Благој Делипетрев – Факултет за Информатика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

– Доц. д-р Томе Димовски – Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола

– Павлина Здравева – УНДП Македонија

Партнери

Хакатонот е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

error: Content is protected !!