UBS ќе отпушти 30% од работната сила во Лондон поради Brexit

UBS вработува околу 60 000 луѓе низ целиот свет од кои 5000 луѓе работат во Лондон, а банката оперира во над 50 земји.

Одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија би можела да предизвика швајцарската банка UBS да отпушти речиси една третина од своите вработени во своето седиште кое се наоѓа во Лондон.

Тоа го изјави генералниот директор на банката Sergio Ermotti.

Во овој момент вработуваме повеќе од 5000 луѓе во Лондон, а отпуштањето би можело да погоди помеѓу 20% до 30% од работната сила, ја пренесува јапонскиот весник Nikkei изјавата на Sergio Ermotti.

Тој, сепак, истакна дека се уште е рано за проценкa на исходот од преговорите за условите за британскиот излез, и изрази уверување дека по излезот на Британија од ЕУ „Лондон ќе продолжи да биде важен финансики центар, иако не можеби толку значаен како што тоа е случај денес“.

Во Лондон инаку се наоѓа седиштете на UBS за координирање на работата во Европа.

error: Content is protected !!