Facebook го лансираше Workplace, верзија на Facebook за бизнис

После неколку години тестирање во Facebook и другите компании најголемата социјална мрежа на светот го најави нивниот Workplace, односно верзија на Facebook за работа сега конечно достапен на компаниите кои сакаат да го користат. Со стандардните Facebook опции како News feed, разговори преку Messenger и најнови стории, Workplace донесува додатни аналитички алатки и можност за интеграција во платформата на компанијата.

За да се издвои од останатите слични апликации, како Trello и Slack, Facebook ја промовира вредноста на Workplace за тие кои не работат во класични канцеларии. Во извештајот за медиумите се наведува, дека на телефон или на таблет нивното ново решение може да им помогне на сите типови на работници, а особено на оние кои се во постојано движење.

Човeкот задолжен за овој проект Julien Lesaicherre при претставувањeто нагласи дека сите кои знаат да користат Facebоок уште сега знаат како да го користат и Workplace. Тој нагласи како платформата е наменета за сите “од директор до работник во фабрика или конобар”

Компаниите кои ќе го користат Workplace нема да го добијат бесплатно. Ќе се наплаќа месечна претплата по активен корисник од 3 долари за компаниии со помалку од 1000 корисници, 2 долари за секоја компанија која има од 1000 до 10000, и по еден долар за компании кои имаат преку 10000 корисници.

За интерна употреба Facebook апликацијата ја тестирале преку 1000 организации. Верзијата која стигна на пазарот вклучува и мултикомпаниски групи кои ги поврзува работниците од повеќе компании, а тука се некои познати од областа на автоматизираниот превод и групните видео конференции.

Пазарот на решенија за социјална комуникација за корпоративни опкружувања станува се повеќе компетитивен, на него уште сега се јавува гужва. Интересно е тоа како социјалните мрежи кои корисниците ги бројат во стотина милиони па и милијарди досега каснеа на тоа поле.

Новата Facebook апликација покажува како големите играчи во тоа подрачје не мислат само така да го прокоцкаат своето искуство, туку влегоа во сегмент во кои многу големи компании како Microsoft и IBM веќе имаат свои решенија.

Microsoft во текот на септември направи уште еден чекор напред лансирајќи го својот сервис Yammer кој доста потсетува на Facebook во Office 365.

error: Content is protected !!