TEDxCern Live Broadcast by TEDxSeptemvriskaSesijaSalon

Дојдете и проследете ги возбудливите говори на TEDxCERN 2016, пренесувани во живо од TEDXSeptemvriskaSesijasalon во Скопје!

#Aплицирајте: https://goo.gl/forms/o81HlAXL5ZLVli333
#Kaпацитет: 30 – лимитирани седишта
#Краен рок: 03.11.2016, четврток 12:00, пладне

Во сабота, 5 ноември 2016, од 14:00 до 19:00 во CERN, European Organization for Nuclear Research, ќе се претстави четвртото издание на TEDxCERN и ќе овозможи пренос во живо во соработка со TEDXSeptemvriskaSesijasalon.

“Ripples of curiosity“ е насловот на овогодинешната TEDxCERN
конференција. Главната идеја е дека идеите во науката, технологијата и едукацијата се распространуваат како бранови – растат, се претопуваат и формираат нови. Говорниците ќе ги раскажат нивните приказни, за тоа како нивните истражувања започнале како мали бранови – бранови од пасија и фасцинација – за денес да прераснат во истражувања кои го промениле нашето гледиште кон светот.

Придружете ни се и бидете дел од настанот, кој ќе биде проследен во живо на англиски јазик, симултано на повеќе од 40 локации ширум целиот свет овозможен од TEDxCERN

Настанот е организиран од TEDXSeptemvriskaSesijasalon и ќе се одржи во Регионалниот Центар за Социјални Иновации Social Innovation Hub Skopje на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје!

Повеќе детали околу настанот:

#Датум и време: 5 ноември 2016, 14:00-19:00
#Регистрација на учесници: 13:15-13:45
#Локација: Регионален Центар за Социјални Иновации – Social Innovation Hub Skopje на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
#Листа на говорници: http://tedxcern.web.cern.ch/
#Детална програма: http://tedxcern.web.cern.ch/programme-2016

НАПОМЕНА: Местата се ограничени, аплицирајте и резервирајте го вашето место навремено!

error: Content is protected !!