Скоро 500 000 Европјани умираат секоја година поради загаден воздух!

Загадувањето на воздухот  нанесува штета на здравјето на 85% од жителите на градовите во Европа секоја година, и одзема пред време 500 000 човечки животи, предупреди Европската агенција за околина.

Агенцијата од Копенхаген во својот годишен извештај објавен во средата истакнува дека ситуацијата се подобрува, но премногу споро.

“Намалувањето на емисијата на штетни гасови овозможи подобрување на квалитетот на водухот во Европа, но не доволно како би се избегнале неприфатливите штети по здравјето на луѓето и околината” рече директорот на агенцијата Hans Bruyninckx.

Загадувањето на воздухот е главен причинител за предвремена смрт која доаѓа од околината. Во 2013 година таа однела 467 000 човечки животи во 41 европска земја. Во европската унија таа бројка се проценува на 430 000 луѓе.

Податоците покажаа дека 85% од жителите што живеат во урбаните средини биле изложени на честички која Светската здравствена организација ги смета за штетни.

16% од Европјаните во урбаните средини се изложени на повисоки нивоа од дозволеното на честички помали од 10 микрони (PM10), a 8% на честички помали од 2,5 микрони (PM2,5) кој се уште поопасни по здравјето.

Иако на глобалнo ниво штетните емисии паднаа, некои сектори не ги постигнаа целите кои би им овозможиле на градовите да ги почитуваат нормите за квалитетен воздух, додека некои други загадуваат и повеќе.

Емисијата на азот диоксид (гас поврзан со респираторните и кардиоваскуларните болести) во сообраќајот не се намалил доволно, предупредува агенцијата

Исто така емисијата на честички помали од 2,5 микрони и бензопирен кој настанува од согорување на јаглен и биомаса, и понатака се високи додава тој.

“Ако многуте црни точки за квалитет на воздухот се наоѓаат во градовите, јасно е дека локалните и регионалните власти имаат централна улога во пронаоѓањето на решението”, порача европскиот комесар за околина Karmenu Vella.

Ваква беше состојбата со квалитетот на воздухот во Македонија во 16 часот.

vozduhot-24-noe

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!