ReFresh „F5“ Хакатон

ReFresh „F5“ претставува тридневен хакатон за развивање на прототип на мобилнa апликација во полето на екологијата. За прв пат, годинава се организира хакатон од ваков вид по иницијатива на професорите и студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и има за цел да ги донесе на едно место програмерите и активистите во областа на екологијата, каде што ќе може да се запознаат со еколошките проблеми со кои што се соочуваме и работат кон нивно креативно решавање.

За време на тридневната интерактивна работилница и хакатон, која ќе се одржи од 05.12-07.12.2016 во просториите на Регионалниот центар за Социјални иновации, натпреварувачите ќе креираат свои дела (мобилни апликации), под менторство на експерти од областа.

Победничкиот тим ќе ја добие наградата IEEE Best Student Paper 2016 Award во вредност од 270 долари.

Апликацијата се затвора на 01.12.2016, во 12:00, пладне, а набрзо потоа избраните учесници ќе бидат исконтактирани. Учеството на настанот е бесплатно и со сертификатот за учество, на студентите на ФИНКИ им се доделува 1 ЕКТС кредит.

Aплицирајте на: https://goo.gl/forms/twv7NIizzD2abo3N2
Kaпацитет: 21 учесник
Краен рок: 01.12.2016, четврток 12:00, пладне

error: Content is protected !!