Marc Faber: Ако Donald Trump направи трговска војна повеќе штета ќе има САД отколку Кина

Еден од најголемите инвестициски авторитети Marc Faber изјавува дека ако има трговска војна која би ја преводел Trump повеќе штета ќе има САД отколку Кина.

Трговските рестрикции во односите со Кина би имале повеќе негативни последици за САД отколку за Кина, јасен е Faber. Кина не зависи од САД, тврди Faber.

САД и понатаму е најголема извозна дестинација за Кина, но ако ги гледаме заедно, за Кина се многу поважни сите пазари во развој, порачува Faber.

Кина минатата година во САД направила извоз од 482 милијарди долари. Додека пак, САД во Кина има направено извоз од 116 милијарди долари, од што јасно се гледа дека американскиот трговски дефицит со Кина има пораснато на 366 милијарди долари.

Faber не е оптимист во врска со понатамошниот раст на Wall Street

Ако сакате да купувате акции, американскиот пазар е сега на најскапо ниво во историјата во споредба со Европа, Јапонија и пазарите во развој, тврди Faber.

Во март 2017 година ќе биде осмата година откако Wall Street е во “бик” фазата. Спрема било кој стандард тоа е поприлично долг период, порачува Faber и додава како не е претеран оптимист во врска со понатамошниот раст на Wall Street  во периодот на владеењето на администрацијата на Donald Trump.

error: Content is protected !!