Апликацијата Talking Tom им донесе милијарда евра на словенечките создавачи

Словенечкиот стартап Outfit7, најпознат по апликацијата My Talking Tom која е игра за деца, при крајот на минатата година е продаден на кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co за 100 долари по акција, што значи дека вкупната вредност на аквизицијата изнесува околу милијарда евра. Тоа се неофицијални податоци кои ги пренесува словенечкиот Finance, но за продажбата што словенечките создавачи на симпатичниот мачор, Иза и Само Логин ги направи мултимилионери пишува и магазинот Bloomberg.

Додека Finance пренесува дека продажбата е веќе готова работа, Bloomberg пренесува како словенечкиот стартап, со седиште во Лондон, Outfit7 Ltd, тесно соработува со Goldman Sachs Group Inc. на прашањето за попрофатибилна продажба на светската славна апликација. Bloomberg проценува дека вредноста на компанијата е 616 милиони долари, што е нешто повеќе од половина милијарда евра.

Мобилната апликација My Talking Tom, со виртуелнато домашно милениче Tom, е лансирана во 2013 година. Во меѓувреме, брендот е проширен со уште неколку мачки и кучиња, одосно претворен е во медиумска франшиза Talking Tom and Friends. Апликацијата ја имаат преземено дури 5 милијарди корисници, а месечно имаат околу 300 милиони активни корисници. Големи се колку и Twitter, кој има месечно околу 313 милиони активни корисници. Outfit7 има канал на Youtube со околу 9 милиони претплатници, а нивните видео содржини имаат повеќе од 9,4 милијарди прегледи.

Outfit7 заработува преку огласите и купувањата на апликацијата. Користејќи ја наклонетоста на децата, лансираа и Youtube канал, што е тактика која ја искористија и создавачите на Angry Birds. За дизајнот на Talking Tom and Friends, компанијата соработуваше со стручњаци од Walt Disney.

Outfit7 е основана во 2009 година, седиштето им е во Лондон и имаат 14 фирми-ќерки во Словенија, Швајцарија, Јужна Кореја, Хонг Конг, Кина, САД и Кипар. Брачниот пар Иза и Само Логин поседуваат 60% од сопственичкиот удел, а со оваа продажба можат да станат најбогатите луѓе во Словенија.

Macedonian Business Hub пишуваше уште во ноември за овој стартап.

error: Content is protected !!