Ова се најдобрите пет хрватски стартапи

Стартап сцената во Хрватска во  последните неколку години очигледно се зголемува, а и очекувањата за 2017 година се позитивни.

BELLABEAT- Првиот потенцијален хрватски еднорог

Најамбициозниот хрватски стартап кој за две години планира да достигне валуација од милијарда долари и да стане првиот хрватски еднорог. Вредноста на Bellabeat се мери во стотина милиони долари и има подолг список на познати светски инвеститори. Таа е една од оние технолошки компании кои во вистински момент се нашле на пазарот, осигурале милионски инвестиции и станале предводници на револуцијата во технологијата за превентивно здравство. Исто така, станува збор за еден од ретките хрватски стартапи кои произведуваат хардвер – Leaf, паметен привезок кој ја следи здравствената состојба. Вработува повеќе од сто луѓе, од кои поголемиот дел работат во Хрватска, каде што ќе остане и развојот. Веќе е профитабилен: месечниот приход надминува пет милиони долари и расте со повеќе од 20% на месечно ниво.  Стратешки цели кон IPO (initial public offering).

NANOBIT – Педесет милиони преземања на игри за мобилен

Почетокот на 2016 година, отворија канцеларија во Букурешт, каде планираа да вработат од 15 до 25 стручњаци со искуство од индустријата за игри. Добитник е на наградата за најдобар мал извозник, а годината ја заврши со раст на приходите за 20% и 50 милиони преземања на игри за мобилен. Од двајца вработени во 2008 година порасна на 100 вработени со канцеларии во Загреб, Будимпешта и Букурешт како и 75 наслови на мобилни игри. Најголемиот пазар за пласман на видео игри и понатаму му е англиското говорно подрачје, а сè побрзо растат и во Азија. Со оглед на тоа што во 2016 година немаа нови производи, туку планираат да ги пласираат на почетокот на оваа година, и од тоа очекуваат прилика за уште поголем раст.

FARMERON –Американска компанија со развој во Хрватска

Еден од најпознатите хрватски стартапи, Farmeron, оваа година направи ‘exit’ –го презема американскиот Virtus Nutrition, технолошкиот лидер за хранливи решенија на стоката. Вредноста на трансакцијата не е објавена, но основачот на Farmeron, Матија Копич, останува директор, а Farmeron ќе продолжи да работи како посебна компанија. Составот на Farmeron е ‘big data’ облак за управување со фармите со крави кои што поголемиот дел од приходите ги остваруваат во САД, но и после аквизицијата во Хрватска останува главниот развоен центар. Планот е да се шири на пазарот на големите фарми и евентуално да исчекори на пазарот на другите животински видови.

PHOTOMATH – Првата апликација во светот која чита и ракопис

Глобално популарната Photomath, апликација за решавање на математички задачи со помош на камерата на паметниот телефон, неодамна почна да чита ракопис, во што е прв во светот. Постојано расте и денес има околу 6,5 милиони месечни корисници. Неодамна обезбеди инвестиција која му овозможува предуслови за натамошен развој и стратешки исчекор. Другиот проект на Саболов кој се вика Microblink е прогласен за најдобар хрватски ‘fintech’ стартап. Развива технологијата machine vision, која се применува во Photomath, но и во разни други подрачја, како банкарството. Вложуваат во развој кој се темели на најновите трендови во невронските мрежи и deep learning. Во 2016 година, Microblink пораснал речиси за 100% во приходи и повеќе од 450 компании ги лиценцираат неговите софтверски модули во 43 земји. Во 2017 година планираат да пуштат неколку нови софтверски производи на пазарот, да го зголемат бројот на вработени како и раст на приходите за 50%.

AGRIVI – Влијание врз повеќе од милијарда луѓе

За најдобар хрватски стартап во 2016 година е прогласен Agrivi. основан одМатија Жуљ. Станува збор за најмладиот од успешните хрватски стартапи кој произведува софтверски решенија во облак, кои им помагаат на земјоделците ширум светот во постигнување на ефикасни, профитабилни и одржливи земјоделски производи. Во средина на годината, фондот  South Central Ventures (SCV) вложи милион евра во Agrivi. Тоа ќе допринесе за понатамошно глобално ширење, воведување на клучни промени во индустријата за производство на храна и позитивно влијание врз повеќе од милијарда луѓе. Засега повеќе од 15 илјади земјоделци од 150 земји го употребуваат неговиот софтвер за подобрување на производството.

error: Content is protected !!