Како настанала Standard Oil Company на John D. Rockefeller

STANDARD OIL COMPANY е компанија создадена од ЏОН Д. РОКФЕЛЕР кој е роден во 1839 година во САД и е еден од најголемите американски фабриканти, иноватор и капиталист . Рокфелер е роден во семејство на патувачки трговец. Самиот Рокфелер првите свои пари ги прави со продавање на колачи и извршување на работи кај соседите. Во 1855 на 16 години, на 26 септември 1855 за прв пат се вработува во фирма која врши продажба и транспорт на јаглен и други добра. Тој ден, на 26 септември го има своето прво вработување и влез во деловниот свет. До крајот на својот живот го слави тој ден исто како и неговиот роденден наречен како The Job Day. Своето огромно богатство го стекнува со основањето на американската нафтена компанија “STANDARD OIL” која прераснала во гигант и поради тоа од страната на владата е донесена одлука компанијата да се раздели на повеке различни фирми од разни сопственици под изговор дека компанијата е монопол и да се разбие монополот на пазарот.

Но СТАНДАРД ОИЛ на Рокфелер никогаш не била монопол како што држваните бирократи сакале да ја претстават, еве зошто. Прво монопол е компанија која има политички екслузивно право за снабдување на одредена стока на пазарот, без дозвола на конкуренција. STANDARD OIL имала конкуренција. Имено СТАНДАРД ОИЛ е основана во 1865 година и започнува да работи со првата рафинерија во Кливленд, Охајо. До тој момент пазарот со нафтените деривати бил мошне нестабилен во поглед на цените. Со влезот на СТАНДАРД ОИЛ за прв пат се добива смирување во цените. STANDARD OIL го револуционира производство на керозин и керозинот станува многу атрактивен производ на пазарот. Од 1865 година до 1870 година цената на керозинот пага од 58 центи за галон на 26 центи за галон. STANDARD OIL  во 1870 година покривала само 4 % од пазарот, а 10 години подоцна снабдувала и покривала цели 90% од пазарот. А од 1870 до 1879 цената на керозинот паднала од 26 центи на 6 центи и не само тоа, керизониот од Рокфелер бил многу квалитетен. Освен тоа Рокфелер е првиот што воведува возила со цистерни за доставување на горива и ја патентира бензинската станица која што ја познаваме денес.

СТАНДАРД ОИЛ не прераснува во огромна компанија со 90%  удел во пазарот поради тоа што била монопол, туку станала природен монопол на слободниот пазар, по желба на потрошувачите кои на мирољубив и доброволен начин одлучиле своите пари да ги остават во СТАНДАРД ОИЛ користејќи ги нивните горива.

JOHN D. ROCKEFELLER е успешен претприемач, капиталист кој презел деловен ризик и успеал на најдобар можен начин да ги задоволи потребите на пазарот. Ја скршил конуренцијата зашто бил подобар од неа. Затоа е награден со милиони долари од самите потрошувачи. Тој е човек од кого би требало да земaт пример сите амбициозни луѓе, дури и по 150 години од неговото постоење.

Кога Судот му ја уништувал компанијата која ја градел цел живот во своја одбрана Рокфелер рекол: ” Горивото е тоа што ја движи оваа земја, вие го нарекувате монопол јас го нарекувам претприемништво ” Починал на 97 години, во текот на својот живот донирал над 500 милиони долари во филантропија. Ова е уште еден прекрасен човек, Атлас кој го носи својот свет на своите рамена. Капитализмот е незаменлив, природен и неопходен.

John Davison ROCKEFELLER ,
The Atlas of Americanism

Мартин Димоски

error: Content is protected !!