Jack Ma во една реченица кажа кој е најголемиот проблем на САД

Jack Ma основачот на Alibaba смета дека САД погрешиле уште пред 30 години, бидејќи многу се фокусирале на војна и на Wall Street, тоа го кажа на Светскиот Економски Форум (World Economic Forum) кој се оддржува во Давос, Швајцарија. Основачот на кинескиот онлајн шопинг гигант Alibaba кажува дека пред 10 години “глобализацијата била совршена стратегија за САД”.

Американските компании вака рамислуваа: “Сакаме само технологија, и интелектуална сопственост и бренд, а останатите работи ќе им ги препуштиме на мексиканците и кинезите”, и со тоа размислување на глобализацијата заработија милиони и милиони долари.

Кога дипломирав сакав да купам пејџер, кој чинеше 250 долари, мојата месечна плата беше 10 долари- раскажа Ma.

IBM и Microsoft тогаш правеа поголем профит отколку четирите најголеми кинески банки, истакна Ma и се запраша: Каде отидоа сите тие пари?

Кинезите пред 30 години слушнаа за Ford и Boeing, а денеска зборат за компаниите од Силиконската долина и од Wall Street. Во исто време САД потрошија многу пари на надворешни конфликти.

Во последните 30 години, Америка на 13 војни водени на туѓа земја, потрошила 14,2 трилиони долари (инаку годишниот БДП (GDP) на САД изнесува околу 18 трилиони долари). Колку и да била добра вашата стратегија, требаше парите да ги трошите на своите луѓе. Парите отдиоа и на Wall Street и што се случи? Во 2008 на Wall Street се збришани 19,2 трилиони долари американски приходи. Што би се случило ако тие пари беа потрошени на средниот запад во САД?- постави прашање Ma.

Во текот на разговорот призна дека омилен филм му е “Forrest Gump” бидејќи во него видел нешто од “Alibaba”. Jack Ma го цитираше Forrest Gump каде глуми Tom Hanks” Никој не заработува пари ловејќи китови, луѓето заработуваат така што ловат ракчиња”. – Така и Alibaba прави пари- рече Ma.

Кинескиот бизнисмен познат по оштриот јазик кажа дека сака и рано да се пензионира, зошто не би сакал да “умре во канцеларија туку на плажа”

Дека станува збор за прагматичен бизнисмен, покажува и фактот дека пред неколку дена се сретнал и со Donald Trump. Ma планира да отвори милион работни места во САД, преку неговата e-commerce платформа. Јаск Ма сака да вработи милион Американци така што милион мали бизниси ќе продаваат американски добра на кинезите преку Alibaba- изјави Brion Tingler, шеф за надворешни бизниси во Alibaba.

Trump после состанoкот го нарече Ma “голем, голем бизнисмен, еден од најдобрите претприемачи на светот”.

error: Content is protected !!