Кинеска фабрика ги замени 90% од луѓето со роботи ефикасноста пораснала за 250%

Дури 590 кинески работници добија отказ бидејќи нивните работни места во кинеската фабрика во градот Dongguan ги превземаа роботи. Во фабриката некогаш работеле 650 луѓе, но со продорот на автоматизацијата, останаа да работат 60 луѓе, главно поради надгледување и контрола, за роботите дали исправно работат. Но во самата производна линија тие луѓе не учествуваат.

Luo Wei Wang директор на компанијата Changying Precision Technology Company која се одлучи на автоматизација на производството на мобилни уреди, истакнува дека роботите го зголемиле капацитетот за производство за неверојатни 250%. Наместо 8000, тие произведуваат 21 000 мобилни уреди по “работно место” на месечно ниво.

Пад забележа и бројот на неисправни уреди, од 25% на само 5%. Поради тие резултати сопствениците размислуваат бројот на вработени да го намалат за уште 20 луѓе, бидејќи се убедени, дека роботите може да ги управуваат и 40 луѓе наведува MonetaryWatch.

Роботизацијата во производството е дел од стратегијата на Кина која до 2025 година, настојува да примени технолошки иновации во сите производствени гранки во земјата.

Каков ефект ќе има воведувањето на роботи во фариките за производство, врз пазарот на труд, каде и како нови работни места ќе побараат отпуштените работници, се прашања кој се за жал во втор план, во однос на зголемувањето на прецизноста, ефикасност и продуктивноста, кои ја демонстрираа роботите

error: Content is protected !!