Предавањата на пропаднатите претприемачи станаа хит во Виена

Во главниот град на Австрија редовно се оддржуваат таканаречените „FuckUp Nights“. Станува збор за настан каде пропаднатите претприемачи пред публиката ги раскажуваат своите неуспешни приказни. Целта на ова необично дружење на кое секогаш се бара место повеќе е да се охрабрат другите и да ги поучат да не ги прават истите грешки.

Идејата за „FuckUp Nights“ ја покренаа виенските претприемачи Салом Вагнер и Дејан Стојанович. Самиот концепт потекнува од Мексико, каде во 2012 година, пет пријатели по прв пат организираа такво дружење. Во меѓувреме „FuckUp Nights“ се оддржуваат во 58 држави, а во Австрија од 2014 година.

Следното дружење во Виена ќе се оддржи во март оваа година во просториите на виенскиот Претприемачки центар при виенскиот Економски факултет кој исто така е и спонзор на настанот (е сега размислете што прават економските факултети во Македонија, освен што издаваат дипломи…).

“Добрите страни” на пропаѓањето, односно искуството, е тоа што организаторите сакаат да го прикажат на тие форуми. Бидејќи и пропаѓањето е дел од успехот.Не мора да значи дека ќе се случи, но ако се случи, тогаш треба да станеме, да се собереме и да почнеме од почеток. Излагањата на “пропаднатите претприемачи” и дискусиите би требало да послужат на другите претприемачи како поука да не ги повторуваат истите грешки.

“Кога стравот од неуспех не е присутен, се осмелуваме многу повеќе”, кажува Стојанович, кој искуството го стекнал и во Силиконската долина. Освен тоа истакнува како во Америка културата на храброст во областа на претприемништвото е многу поизразена отколку во Австрија .

Треба и во Македонија да почнат да се организираат „FuckUp Nights“ со цел да се охрабрат сегашните и идни претприемачи, но и да се поработи со менталитетот што ќе каже комшијата и моите најблиски ако не успеам.

error: Content is protected !!