Имате бизнис идеја? Аплицирајте и презентирајте ја пред Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија

Во тек е пријавување на нови бизнис идеи во Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија. Секој што има идеја за стартување бизнис, може да аплицира на повикот, којшто е отворен до 24 февруари 2017. Од пријавените ќе биде направена селекција од неколку идеи, кои на 27 февруари 2017 ќе бидат презентирани пред Клубот на бизнис ангелите на ЦЕЕД Македонија. Доколку бизнис ангелите оценат дека има повеќе добри бизнис идеи, ќе бидат повикани да се презентираат во друг термин којшто дополнително ќе се утврди.

На натпреварот нема ограничување во однос на индустрија, односно повикот е отворен за идеи од сите сфери.

Аплицирањето оди преку Gust платформата, една од најпознатите платформи за стартапи и инвеститори на глобално ниво. На оваа платформа имаат пристап сите членки на интернационалната мрежа на бизнис ангели EBAN, меѓу кои е и ЦЕЕД Македонија.

Апликацијата можете да ја пополните на следниот линк: https://gust.com/organizations/ceed-macedonia/funding_applications/responses/sessions/new

Регистрацијата е бесплатна.

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран како подклуб на членовите на CEED Business and Learning Club – Gold, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Во клубот членуваат претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично.

Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година, а во месец декември 2014 година беше направена првата инвестиција. Втората инвестиција е направена во мај 2015, а третата во јуни 2016. Моментално се разгледуваат уште четири потенцијални идеи.

error: Content is protected !!