Исти производи но со полош квалитет за државите во Источна Европа

Продолжува борбата за изедначување на квалитетот за исти производи во старите и нови членки на Европската Унија, на што работи и хрватската европарламентарка Biljana Borzan, која во соработка со хрватската агенција за храна веќе има започнато истражување за квалитетот на производите кои странските произведувачи и дистрибутери ги пласираат на хрватскиот пазар, а резултатите ќе бидат познати пред летото. Но и другите членки на ЕУ прават такви истражувања па овие денови државната Агенција за храна во Унгарија ги објави резултатите од тестирањето на 24 производи кои меѓународните ланци на продавници како Lidl и Aldi ги продаваат во Унгарија и во Австрија.

Резултатите покажаа, дека на пример унгарската верзија на наполитанки Manner сe помалку крцкави, додека Nutella што се пласира како производ во унгарските продавници потешко се мачка за разлика од тие во австриските.

Инаку ова е само продолжение од порано направените чешки и словачки истражувања кои покажаа слични резултати. Така во Чешка имало случаеви каде што во месен нарезок наместо свинско имало пилешко. Потрошувачите ми се жалат дека разлики наоѓаат и кај автомобилите, земјоделските производи, детергентите и слично. Моето истражување потврди дека повеќе од 70% од граѓаните во Хрватска смета дека мултинационалните компании ги третира како граѓани од втор ред- рече Borzan, која на темелење на сите овие истражувања, како и на ова во Хрватска во втората половина на оваа година ќе организира сослушување во Европскиот парламент за различниот квалитет на производи од источниот и западниот пазар на ЕУ.

Во Хрватска работиме на истражување кое ги опфаќа не само прехранбените производи , туку и непрехранбените производи како детергенти, пасти за заби, гелови за туширање и слично од хрватскиот и германскиот пазар, што е прво такво истражување во ЕУ. Произведувачите можеби и можат да се вадат со тоа дека сакаме чоколади со помалку лешници, но сигурно не можат да тврдат дека преферираме детергенти кои послабо перат или мирисаат- истакнува Borzan, а најновите анализи на инспекторите од ветеринарската служба на Словачка, покажаа дека половина од производите како млечните, месните производите од риба, чоколадите, пецивата, сирењата и пијалоците на нивниот пазар се со полош квалитет од австрискиот.

Во другата половина на годинава, ќе се одржи и расправа на високо ниво во Европскиот парламент. Ќе преговараме со Европската комисија, со колегите претставници од Романија, Словачка, Бугарија, Чешка, Естонија како и од другите источни земји за настанот да биде што поквалитетен и за да биде вистински почеток на законодавната регулација за квалитет на ниво на ЕУ. Драго ми е што до тогаш ќе ги имам и резултатите од хрватскиот пазар- рече Borzan.

Во Македонија, во последните години немаме слушнато некој да прави споредба на познатите производители и да направи споредба на исти производи за да се спореди квалитетот што го имаат тие производи во Македонија во однос на тие од Западна Европа. Кога ќе видиме дека и членки на ЕУ се жалат на производи со полош квалитет, што останува со Македонија што не е членка на ЕУ? Сигурно во Македонија скоро и да не постои човек што ќе рече дека квалитетот на производите во Македонија е ист, како во Западна Европа.

error: Content is protected !!