Bitcoin по прв пат ја надмина цената на златото

Bitcoin за прв пат ја надмина вредноста на еден унц злато (28 грама). Во вторникот, еден Bitcoin вредеше 1.268 долари, а еден унц злато 1.233 долари.

Максималната вредност сметаат дека се случила поради зголемената побарувачка во Кина, каде властите предупредуваат дека се користи за да се канализираат парите надвор од државата.

Порастот од минатиот месец е големо враќање за Биткоин, чија вредност беше падната во 2014. Купувачите “таложат” биткоини во исчекување на комисијата за хартии од вредност на  САД  да одобри бар еден од трите ETF биткоини кои се земени на разгледување. Се очекува одлуката да биде донесена до 11 Март.

Некои аналитичаrи веруваат дека цената на Bitcoin и понатака ќе расте но предупредуваат за ранливоста на криптовалутите. Од почетокот на годинава, цената на златото порасна за 8%, а на Bitcoin за повеќе од 25%.

error: Content is protected !!