ЕЕСТЕК Академија организира 4-ти модул посветен на 3D анимација

Студентската организација ЕЕСТЕК во склоп на својот проект наречен ЕЕСТЕК Академија организира 4-ти модул посветен на 3D анимација, кој ќе се одржи од 3-ти до 13-ти април во просториите на ФИНКИ и истиот ќе биде реализиран преку 5 предавања и вежби.

Настанот ќе брои 30 учесници од техничкиот кампус, кои ќе работат на технологии од стручен карактер и со помош на професионалци и експерти од областа ќе се запознаат повеќе со темата.  Студентите ќе работат во програмот “Maya” и ќе имаат можност да научат да го користат на понапредно ниво, а крајниот продукт ќе биде анимиран лик кој ќе го сработат партиципантите самостојно. Со цел ова да се реализира на ефективен начин, партиципантите ќе бидат обучувани од експерти за Maya од Академијата M3DS, кои се воедно наши главни поддржувачи за овој модул.

По завршувањето на овој модул секој од учесниците ќе добие диплома како знак на признание за своето учество.

Од организацијата повикуваат сите заинтересирани студенти да аплицираат на следниов линк.

Повеќе информации за настанот и за агендата може да погледнете на следниот линк.

Слики поврзани со минатите настани можете да најдете на следниот линк.

error: Content is protected !!