Како стои Македонија со развојот, корупцијата, образованието и други клучни параметри

Македонската економија во четвртиот квартал на 2016 продолжи да бележи стабилен раст кој изнесува 2.4 отсто. Во истиот квартал има и намалување на невработеноста која изнесува 23.1 отсто, што е најниска стапка во изминатите 20 години (графа 1).

Во контролната табла за економскиот и социјален развој на Македонија2025 се внесени нови податоци што се однесуваат на индикаторот „поттикнувачи на економски раст“, во категориите PISA (образование), демократски слободи,  перцепција кон корупцијата,  леснотија за водење бизнис и CO2 гасови. Во категоријата леснотија за водење бизнис, Македонија е рангирана десетта во светот. CO2 гасовите се во опаѓање, а индикаторите за демократија остануваат непроменети. Индексот за корупција во 2016 бележи пораст на нивото на кое граѓаните ја перцепираат корупцијата. Рангирањето во категоријата PISA за 2016 покажува дека квалитетот на образованието во Македонија опаднал во споредба со компаративните земји, од 2000 па наваму. Албанија, Индонезија и Перу ја престигнаа Македонија во ова рангирање.

Мерење на развојот

Македонија продолжи да остварува стабилен економски раст во последното тромесечие во 2016, со зголемување на реалниот Бруто Домашен Производ од 2.37 отсто (крај на година)  и 2.41 отсто за целата година (табела 1). Постои подобрување во нето-извозот. Невработеноста бележи пад на 23.1 отсто во тромесечието, додека годишниот просек изнесува 23.7 отсто. Во секој случај, ова претставува позитивен тренд на намалување на невработеност од 2005 (графа 1). Се бележи и зголемување на владините расходи  за 2.5 отсто за годината, но владините трошоци како процент од БДП, бележат пад поради зголемувањето на номиналниот Бруто Домашен Производ.

Поттикнувачи на економскиот раст

Образование (PISA)

Во декември,  PISA  (Програма за меѓународно оценување на учениците) ги објави рангирањата за 2015. PISA претставува три-годишно рангирање од страна на OECD во областите математика, наука и читање кај петнаетсетгодишни ученици. PISA рангирањето за Македонија е намалено од последното во 2000 година. Македонија се наоѓа на петнаесеттото место од шеснаесетте земји на „Контролната табла“ на Македонија2025, кои исто така учествувале во прегледот на PISA во 2015. Во 2000, Македонија била рангирана на петто место од осум други земји во оваа табела. Од 2000 наваму, Македонија заостанува зад Албанија, Индонезија и Перу.

Просечните оцени на учениците во Македонија бележат намалување во сите три области: математика, читање и наука, но само резултатот за способности за читање е директно споредлив со резултатите од 2000 година поради различни скалила. Најдобро рангираните земји се Кина, Естонија и Сингапур.

Демократски слободи

Рангирањето на Македонија во оваа категорија останува исто од 2015. Македонија се наоѓа на 26 место помеѓу земјите со кои се споредува на табелата.

Индекс за перципирање на корупција

Глобалното рангирање на Македонија падна од 66 на 90 место во 2016, според Индексот за перцепирање на корупцијата. Македонија е на 20 место на Контролната табела од другите 20 земји, за разлика од 2015  кога била на 12 место.

Во 2016, Transparency International објави известување насловено „Борба против корупцијата во Западниот Балкан и Турција“, во кое се наведени препораки за подобрување на состојбите во Македонија во однос на корупцијата. Препораките вклучуваат избор на службеници во судството според нивната професионална заслуга, мерки за заштита на пријавувачите на неправилности со цел намалување на политичките активности во полицијата, и забрана за политичко рекламирање на јавните медиумски сервиси.

Леснотија за водење бизнис

Македонија се искачи две места на место број 10, според анкетата на Светската банка за 2016 за леснотија за водење бизнис . Македонија предводи во оваа категорија наспроти останатите земји во Контролната табла.

Животна средина (емисии на CO2, метрички тони по глава на жител)

Македонија бележи намалување на трендот на издувниот гас јаглероден диоксид од 2003 па наваму. Од 2007 наваму, Македонија бележи рекордно низок удел од независноста. Овој тренд може да се забележи и во повеќето од останатите земји.

 

График 1. Мерки за економски раст

 

 

 

График 2. Поттикнувачи на економскиот раст

 

График 3. Стапка на невработеност

 

Што е „Контролна табла“ за економскиот и социјалниот развој во Македонија?

„Контролната табла“ беше претставена на Самитот во 2015 со цел да се дефинираат „аспирациски и достижните“ цели за Македонија до 2025. Оваа табла е исто така алатка за следење на напредокот кон зададените цели. Со други зборови, таа нуди одговори на прашањата: што подразбира фразата „посилна земја“ и дали Македонија станува „посилна земја“? Таа исто така има за цел да создаде поголема одговорност пред јавноста од страна на луѓето на клучни позиции што донесуваат одлуки. Таблата служи и како алатка преку која Македонија2025 ги лоцира можностите каде може да помогне во зајакнувањето на нашата земја.

Мерните индикатори и земјите Македонија2025 ги избра во консултации со разновидна група експерти од одборите за економски развој на Сингапур и Турција, McKinsey & Company и во консултации со поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури.

Контролната табла се состои од 14 економски, финансиски и социјални мерила-индикатори, а за секое од нив постои пропишана цел (види табели 1 и 2 погоре). Тие се поделени во две категории – оние што го мерат економски развој и оние што ги мерат факторите кои помагаат во создавањето на економски раст (поттикнувачи на економски раст). Сметани во целина, овие мерила нудат холистички поглед во развојот на Македонија, во споредба со некои повеќе традиционални економски мерила. Целите на секое од мерилата се дефинирани во релација со 33 други земји кои се во приближно ист стадиум на економскиот развој.

Извор: Macedonia 2025

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!