Русија ќе развива национална криптовалута

Централната банка ќе развива национална криптовалута, рече заменик претседателот на Централната банка на Русија, Olga Skorobogatova, а пренесува руската агенција TASS.

„Регулаторните тела на повеќето држави сметаат дека е потребно да се направи национална виртуелна валута. Тоа е иднината, а моментот кога ќе се креира го определува самaта држава. Со помош на пилот-проектите кои ги правиме сега ќе сфатиме каков систем би можеле да користиме за нашата национална валута“ изјави Skorobogatova.

Централната банка предлага воведување криптографија како би се заштитиле сите операции и трансакции, ако дигиталната валута се користи како платежно средство, додаде заменик претседателот на Централната банка на Русија

Пилот проектот на централната банка ќе се реализира заедно со субјекти од пазарот за финансии и асоцијацијата Fintech, а првите верзии ќе се појават за 2-3 години. Дигиталната валута ќе биде базирана на blockchain технологија.

Пред некое време претседателот на Sberbank, German Gref јавно ја подржа брзата легализација и регулација на криптовалутите.

error: Content is protected !!