Кинескиот Steve Jobs

Малкумина слушнале за Lei Jun, основач на четвртиот најголем произведувач на паметни телефони во светот. Меѓутоа, тој има доста заеднички особини со иконата од Apple, кој друг ако не Steve Jobs. Исто како Jobs, и Lei сака едноставен стил – обожава комбинација од фармерки и црни маички. И тој како Steve Jobs некогаш, е сега милијардер.

Lei е роден во Xiantao во провинцијата Hubei во Кина во 1969 година. Во текот на студиите по информатички технологии, до рака му дојде книга за Steve Jobs, која направила и тој да посака еден ден да биде како Steve Jobs и да покрене свој бизнис. И за разлика од Steve Jobs што го напушти факултетот за да се посвети на Apple, Lie сметал дека за сето тоа да го постигне треба факултетот да го заврши што порано.

После завршувањето на студирањето, Lie започнува да рбаоти како инженер во Kingsoft, кинеска софтверска компанија која тогаш била само мал старт ап. Со посветена и вредна работа Lei во Kingsoft успеал да напредува до позиција извршен директор. Во исто време, работел на сопствен проект – направил онлајн книжара која во 2004 година, Amazon ја купи за 74 милиони долари.

После 16 години поминати во Kingsoft, Lie се одлучил, како што истакна, од здравствени причини да ја напушти позицијата извршен директор. Сепак не престанал да работи и во 2010 година успеал да ја оствари својата долгогодишна желба и да биде главен  на брзо растечката мобилна компанија  – Xiaomi Inc.

Самото име на компанијата Xiaomi е симболично. Тоа на кинески јазик значи просо што би требало да укажува на тоа дека само едно зрно од ова жито е непобедливо како планина. Овој надарен претприемач и самиот им рекол на своите вработени дека инсистира вниманието да го насочат на мали работи, наместо да бараат несовршеност во веќе готовите производи. Компнијата на Lie e успешна благодарение на релативно високиот квалитет на телефонот по пристапна цена.

Денеска Lei Jun е “тежок” скоро 10 милијарди долари и спрема податоците од листата на Forbes е петти најбогат човек во Кина.

error: Content is protected !!