Еден збор што често го употребувал Tom Hanks е заслужен за неговиот успех

Tom Hanks за многу луѓе е еден од најомилените и најпризнати актери на светот. Но не било секогаш така. Hanks не глумел  секогаш во филмови кои критичарите и публиката со префинет вкус ги ценеле.

Во интервјуто со John Oliver на Tribeca Film Festival овој реализиран актер збореше за клучната промена за која одамна се одлучил.

Зборувајќи за различните филмски улоги кои му биле нудени, Hanks го кажа следново:

“Сфатив дека морам да почнам да им кажувам на луѓето еден многу тежок збор а тоа е “НЕ”.  Ова беше чудна лекција, сфатив дека така всушност ја работиш омилената работа. Кога ќе кажеш “ДА” тогаш само работиш, но кога ќе кажеш “НЕ” тоа значи дека избираш која приказна сакаш да ја раскажеш и кој тип на карактер сакаш да го играш”

Има многу мудрост во овие зборови, но тоа не важи само за актери. На работа, кога ќе почнете да работите, а особено кога започнувате свој бизнис, на почеток работите се што ќе ви дојде. Но кога вашиот бренд ќе стане јак и ќе добиете се повеќе слобода, тогаш се бираат клиентите и проектите. “И дозволете да ви кажам не постои подобро чувство од таа слобода” , кажа еден успешен претприемач.

Без разлика дали сте претприемач, менаџер, водите тим или сте вработени, вие се соочувате со избори на работа, на дневно ниво. Од едноставни одлуки, до тоа дали сакате да соработувате со некој клиент или на некој проект. Се исплати да застанете и да размислите што сакате да постигнете и да не се плашите да кажете “НЕ”

И за крај запамтете секогаш кога ќе кажете “ДА” на нешто што не го сакате вие всушност кажувате “НЕ” на работите кои сакате да ги работите.

error: Content is protected !!