Денес започна со изградба германската компанија WIK, која треба да донесе 1000 вработувања

Денеска започнува со изградба фабриката на германската компанија WIK во Технолошко-индустриско развојната зона Прилеп. Компанија WIK е германска компанија која има седиште во Есен, но и во Хонг Конг, а се занимава со производство на апарати за домаќинството, а нивната прилепска фабрика ќе биде насочена кон производство на кафемат машини. Инвестицијата тежи 12 милиони евра, на вкупна површина од 10 илјади метри квадратни.

Реализацијата ќе биде во две фази, првата од 5 милиони евра, а во втората фаза се планирани 7 милиони евра и дополнителни 6.5 илјади метри квадратни. На самиот почеток ќе се вработат 50 луѓе и постепено оваа бројка ќе расте, а по комплетирањето на двете фази ќе се вработат 1 000 граѓани.

Првата фаза од изградбата се очекува да заврши во првото тромесечие на наредната година. Воедно постои можност и за зголемување на бројката на вработени и се размислува за можно префрлање на повеќе капацитети и фабрики во Македонија, со што би можело да се дојде до 3000 вработувања!

За таа намена компанијата резервира и 2 големи парцели во ТИРЗ Прилеп каде што ќе може да функционираат сите три фабрики на компанијата доколку се одлучат понатаму да го прошируваат своето производство, на самиот почеток тие ја разгледуваа понудата на Украина, Романија и Србија, но интензивните контакти и залагањата кои беа во изминатиот неколкугодишен период, како и пакетот поволности кои ги нудевме дадоа плод и еве, денес се започнува со градба на новата фабрика, напиша на Фејсбук поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

error: Content is protected !!