70 милиони евра грант од ЕУ за изградба на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Овој грант од 70 милиони евра од ЕУ ќе се искористи за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка од Коридорот 8 што треба да ја поврзе земјата со Албанија на запад и Бугарија на исток. Ова е втората делница од овој коридор, која што ќе чини вкупно 152,3 милиони евра, што значи дека засега се обезбедени 46% од потребните пари. Останатите пари, ќе се побараат од други меѓународни финансиски институции, како на пример ЕБОР, а дел и од македонскиот буџет.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека по завршувањето на изградбата на втората делница, ќе почне да се гради и третата до границата со Бугарија, вицепремиерот исто така најави  дека за две недели во Македонија ќе дојде делегација на Светска банка за да се разговара за поддршка на извозно ориентираните македонски фирми за развој на нови технологии.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!