Во кои даночни раеви богатите ги чуваат парите и кои привилегии се нудат?

Милијардерите и покрај тоа што имаат многу, тешко се одвојуваат од парите за кои мора да платат данок, па најдоа места каде најдобро може да се “сокријат”.

Милионерите и милијардерите секогаш бараат начини како да задржат што повеќе пари и да платат што помал данок.

Затоа и постојат даночните раеви, односно држави кои имаат многу ниски или непостоечки даноци, тоа се места кои им се од особена важност. Таму ги искористуваат законите или дупките во законите и отвараат нови сметки, но и отвараат корпорации со нула трошоци.

Правејќи го тоа, тие се обидуваат да ги избегнат високите даноци во своите држави, без да мора да земат друго државјанство.

Неодамна американската даночна служба најави дека ќе тргне во “лов” на американски државјани кои имаат сметки во странство, но тоа не ги уплаши. Бидејќи ако сето тоа го направите на исправен начин, (а благодарение на добрите сметководители, богатите токму тоа и го прават), поседувањето сметка во странство е потполно легално.

Исто така не морате да имате “купче” пари за да побарате даночен рај, освен што имаат благи даночни закони, многу од државите во кои ќе пронајдете засолниште се и дом на прекрасни егзотични турстички дестинации кој на странските инвеститори им нудат и едноставно добивање државјанство.

Белизе

bel__15

Можете да добиете државјанство со пријавување на траен престој или со помош на програмата квалификуван пензионер. Во првата група се вбројувате ако таму сакате да заработувате како вработен, а во втората група ако сте спремни да поминете четири недели годишно, односно морате да го надминете прагот на минимален доход за пензионери.

Британски Девствени Острови

bdo__15

Данокот на приход овде изнесува 0%, и не постојат даноци на корпорации, капитална добивка, поклони, продажба, добивка или наследство. Сопствениците на имот и инвеститорите можат да станат “вонредни жители”, живеејќи до шест месеци годишно, а номиналниот данок на недвижнините изнесува 1,5% од проценетата годишна вредност.

Кајмански Острови

ci__15

Овие острови се веќе долго време на радарот на најголемите американски компании. Apple, IBM и многу други се нивни големи љубители, бидејќи земјата нема корпорациски данок, нема ниту данок на добивка, а капитална добивка, добивката или недвижностите исто така не се даночат.

Костарика

cr__15

Корпорациите овде не плаќаат данок на добивка и на добивки што се надвор од надлежноста на владата,  ниту капитални добивки или данок на дивиденди.

Монако

mon__15

Држава која е позната по казината и трката во Формула еден која се одржува на улиците на Монако, терен за богати и славни, а овде не постои ниту данок на добивка, капитална добивка или данок на наследство.

Сејшели

so__15

Сејшелите се состојат од 115 рајски острови на брегот на Африка, а ретко некој богаташ меѓу нив нема да најде некој за себе. Особено кога знаете дека не постои данок на добивка, капитална добивка, на подарување како ниту на имот. За да се пријавите за постојан престој, морате овде да живеете барем 5 дена годишно, односно да префрлите 10 000 долари годишно на тамошната сметка.

Панама

pana__15

Оваа држава има едно од најбрзите растечки економии во Средна Америка. Таа не дели даночни договори со други земји, и нeма обврска да сподели финансиски информации со било која влада во светов. Банковната дискреција е дефинитивно најтајна во оваа држава.

Порторико

porico__15

Без разлика што Порторико е на територијата на САД, благодарение на владеењетo на Британската заедница од народот, таа има свои даночни закони. Во 2012 година земјата стана даночно засолниште за многу американски граѓани кои живеат на островот 183 дена во текот на годината. На тој начин не мораат овде да плаќаат данок на камати, дивиденди или капитална добивка, а не мораат да се откажат ниту од своето државјанство.

error: Content is protected !!