6 важни работи од кои мора да се откажеш ако сакаш да напредуваш

Нашето утре зависи од нашето денес, од тоа што денес ќе го направиме. Тоа на сите ни е јасно и сите го знаеме. Иако активностите и делувањето се неопходен рецепт за успех и промени, денеска доаѓаме до една друга крајност. На секој чекор ни продаваат “нови начини” и не брзаат со “агресивни акции” и ни наметнуваат култура на константно започнување . Толку многу, што понекогаш добронамерните совети во стилот “земи повеќе”, “пробај повеќе” или “почни ова” почнуваат да попримаат аура на чудотворен лек за секоја состојба и ситуација.

Менталитетот “повеќе е подобро” продолжува да пушта корени, и се повеќе од нас веруваат во заблудата дека до најдобрата верзија од себе се доаѓа така што мораме да стекнеме уште една нова навика, особина или така што во веќе нашите преоптоварени умови ќе ставиме уште една нова техника. Се трудиме, ама не иде. Нема место па тешко се прима. Дојдено е до заситување.

Robert De Niro има навика на денот на снимањето да го земе сценариото и да прешкрта 80% од својот текст, да го викне директорот на филмот и да му каже “ова е се што ќе кажам”. Во светот на актерството има еден принцип, кој не само што делува контрадикторно, туку и парадоксално се противи на сето тоа што повеќето актери инстиктивно го работат. Бидејќи и тие како нас влегуваат во замката дека по секоја цена мораат да кажат, направат или да станат повеќе од тоа што се. Баш поради тоа стоиме во место и стагнираме. И додека нашите животни улоги, ги играме толку бледо, не сфаќаме дека упорно се бориме против принципот. Принципот кој е заслужен за успехот на тие кои се најголеми и најдобри.

Принципот е толку едноставен и гласи “помалку е повеќе”.

Баш тој принцип им има помогнато на многу луѓе. Кај многу луѓе најголемата промена во својот живот не ја направило тоа што почнале да го прават, туку тоа што престанале да го прават. Не е тоа што го додале туку тоа што го отфрлиле.

Пробајте да замислите што се ќе добиете ако се откажете од следниве работи:

1.Бегање од “проблемот”

Од проблемот не се бега, со него се соочуваш без страв. Тоа не е лесно, но соочи се со него додека времето е на твоја страна. Треба да знаеш дека тој нема да исчезне само затоа што го игнорираш, напротив ќе стане се поголем, поопасен и полош. Твоето “бегање” му годи, и на крајот толку ќе порасне, што не би сакал да бидеш принуден да го погледнеш во очи. А тогаш ќе биде многу потешко да се соочиш и да го решиш. Затоа, превземи иницијатива додека сеуште е мал, додека времето и изборот се на твоја страна.

Запoмни: “проблеми” имаме сите, на сите нас деновите ни се потсетник, како белег од својот живот. Доделени и поделени се сразмерно на нашата сила и способност да ги надминеме. Тоа е факт тоа е дел од нашата човечка природа. Прифати ги, и гледајте ги како предизвици, како етапа од нашиот развој и раст. Тие се тука да те научат, да те направат подобар од тоа што си бил, а ти си тука да ги надминеш. Соочи се со нив, ќе сфатиш дека не се толку страшни како што ти изгледаат.

2.Времето со погрешни луѓе

Внимателно бирајте го друштвото. Животот е краток за да го трошите на луѓе кои ви црпат енергија и среќа. Кој те сака покрај него, ќе најде време за тебе. Кој те сака ќе се потруди да ти даде љубов и сигурност. Кој има воља ќе најде начин се друго се изговори. Не го троши своето внимание на оние кој во тебе гледаат само просек. Твоетo внимание е дар, поклони го на тие кои те ценат и прифаќаат, тие го заслужуваат тоа. Тој што не го прифаќа твоето најлошо, не го заслужува ниту твоето најдобро.

Запoмни: дозволи на себе си да осетиш љубов на оние кои те сакаат навистина. Бидејќи тие беа тука додека ти слепо трчаше по небитни луѓе. Беа тука додека молеше за трошки, кои не сакаа да ти ги дадат. Беа тука, патеа додека и ти патеше, побарај ги, ќе бидат среќни што си се вратил. Откажи се од “просење” и сврти се кон вистинските луѓе.

3.Лажење на самиот себе

Над се и пред се биди искрен спрема себе. Човекот кој се лаже себеси и верува во тие лаги, на крајот ја губи способноста да ја разликува вистината во себе од вистината околу себе. Таквиот човек ја губи почита спрема себе, како и кон сите останати. И на крајот, немајќи почит престанува да сака. Најлесно е себеси да се излажете и тешко е себеси да си ја признаете…. горчливата вистина. Таквата вистина најмногу боли, но и најмногу помага.

Запoмни: првиот чекор кон исполнет живот е искреноста спрема себе. Така се стекнува интегритет, така се гради самопочит и се негува самодовербата. Најпрвин си искрен спрема себеси, па после спрема светот, прво си верен на себеси, после на другите. Се започнува од тебе и завршува со тебе. Вети си на себе нешто, па исполни го. Едноставно е.

4.Преправање

Еден од можеби најголемите животни предизвици е да останеш единствен во светот кој упорно те тера да бидеш како сите останати. Биди свесен за својата посебност и својата уникатност. Не споредувај се со другите, бидејќи секогаш ќе се најде некој кој е поубав, позгоден, попаметен, помлад или појак од тебе. Но никој никогаш нема да биде како тебе. Не преправај се за да им се допаднеш Не менувај се за да им се допаднеш..Биди тоа што си, бидејќи таков си најдобар. Работи на себе, но поради себе. Во тебе е целата убавина на овој свет прифати ја и уживај во неа. Засјај со својот сјај и вистинските луѓе ќе ја препознаат.

Запoмни: немој да мислиш дека си многу добра личност само затоа што се преправаш и ја криеш својата суштина, чувства и мисли за да им угодиш на сите. Тоа го прават лажговците и фолирантите. Секогаш е подобро, а и попоштено да те мразат поради тоа што си, отколку да те сакаат поради тоа што не си.

5.Живот во минатото

Што било – било. Научи, прости, пушти и продолжи понатаму.

Минатото знае да залаже, и да те фати во својата мрежа. Тоа знае да биде силно, да те задржи во место и да те зароби во мислите за поразите, грешките и падовите. Но биди силен и мудар. Минатото не те дефинира како личност, како што ниту твоите порази не значат дека си роден губитник. Двете се тука да те научат и кон новиот пат да те насочат. Тука се да ти покажат дека следниот пат можеш подобро.

Запoмни: колку и да било “силно” минатото тоа нема моќ на сегашниот момент.Тоа што се случило се случило. Вчера не постои, утрешниот ден уште не се број, имаш само денес, па денес и живеј. Тоа “денес” е само твое и од тебе зависи.

Што било – било. Научи, прости, пушти и продолжи понатаму.

6.Страв од грешки

Да кажеш “погрешив” е 100 пати почесно отколку да кажеш “не се ни обидов” Преку трња до ѕвезди, преку порази до победи. Успехот е создаден од неуспеси. На крајот повеќе ќе жалиш поради тоа што не си, отколку поради тоа што си го направил. Осмели се, направи го тоа и не жали. Па што биде – биде. Ако паднеш стани и пробај повторно. Тоа е тоа. Тоа е смислата на животот. Грешката останува грешка само ако одбиеш да научиш од неа. Ти имаш моќ секоја грешка да ја претвориш во лекција.

Запoмни: живееш така што растеш, а растеш така што се менуваш. Се менуваш така што учиш, а учиш така што грешиш. Не си победен додека не го признаеш поразот, и не си погрешил се додека од тоа нешто учиш. Секоја препрека го крие патот во себе, секој пораз носи семе за следна прилика, и секоја грешка носи вредна лекција.

error: Content is protected !!