УЈП: 37 компании биле амнестирани од плаќање данок

Се работи за изземање на фирми од присилна наплата на долгови, односно 37 фирми биле повластени пред законите кои важеле за сите други. Во изминативе две години, односно периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје и приватни и државни правни субјекти биле отстранувани од постапки за присилна наплата на милионски долгови.

Според директорката на УЈП Лукаревска, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ.Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незконски постапки. Засега само двајца вработени се опфатени со дисциплинска одговорност кои незаконското работење го правеле во информатичкиот систем.

error: Content is protected !!