Handelsblatt: Новата европска криза може да започне од Балканот

Турција и Русија забрзано го развиваат своето влијание во југоисточна Европа, а наредната европска криза, како и многу порано, би можела за започне на Балканот пишува германскиот весник Handelsblatt.

ЕУ и Нато пробуваат да ги привлечат земјите како Србија и Црна Гора, но се соочуваат со борбата за влијание во регионот со следните држави: САД, Русија, Турција , па дури и Саудиска Арабија наведува весникот.

Турција и Русија, пишува Handelsblatt, развиваат влијание, додека австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, ја повикува Европската унија да “го донесе Балканот во својата орбита”.

Шефот на австриската дипломатија, предупредува во изјавата за германскиот весник за се поголемото влијание на Турција и Саудиска Арабија.

,,Во Сарајево и Приштина на пример на жените им е платено за во јавност да бидат потполно покриени. Не можеме тоа да го гледаме и да не правиме ништо”, кажа Курц.

Австрискиот министер побара забрзано евроинтегрирање на регионот, како би се прекинало влијанието на Турција и Русија, наведува Handelsblatt.

,,Мораме да продолжиме со активна улога во овој клучен регион, давајќи му кредибилна перспектива за ЕУ” кажа Курц.

Ако тоа не е доволно, наведува Handelsblatt, Кина истотака сака своја улога во регионот, првенствено преку големиот инфраструктурен проект “Еден појас, еден пат”.

Според тој проект, Кина планира да вложи околу 10 милијарди евра во 16 земји во југоисточна и источна Европа.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!