Естонија ќе воведе своја криптовалута

Естонија објави дека ја разгледува можноста за воведување сопствена криптовалута која ќе се вика  estcoin, надополнувајќи ја со тоа најавената програма за електронски престој

Еstcoin би можел да биде покренат со initial coin offering (ICO), ако IPO e за компании, ICO е за криптовалути, што би било верзија на crowdfunding во заедницата за нејзините идни корисници.

Естонија би тргнала кон овој проект со помош и подршка од Vitalik Buterin кој е коосновач на криптовалутата ethereum и Естонија би станала прва држава која направила initial coin offering (ICO).

Талин сериозно работи на програмата за електронски престој, во кои луѓето од целиот свет би можеле да станат корисници на електронски престој и да ги користат нејзините јавни услуги, па дури и да основаат компании со седиште во Европската Унија.

Естонската влада очекува повратна реакција од технолошкиот свет, а за советник го ангажирала Vitalik Buterin кој погоре го спомнавме.

Извршниот директор за електронски престој во Естонија (e-Residency) господинот Kaspar Korjus, истакна дека “ICO со поддршка на државата ќе доведе до тоа поголем број на луѓе да имаат поголем удел во иднината на Естонија, што ќе привлече вложувања, но и повеќе знаење и идеи кои ќе ни помогнат да направиме експоненционален раст”.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!