ФК Вардар ги објави цените на билетите за Лига Европа, цените пристапни!

Од 1-ви септември почнува продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа. Ќе се продаваат блок билети за сите три домашни меча, а ќе има и продажба на подеинечни влезници за секој натпревар.

Датумите за продажба на билети се следни:

01.09 – 10.09 – Продажба на блок билети за натпреварите во Лига Европа

11.09 – 14.09 – Продажба на поединечни билети за натпреварот со Зенит Санкт Петерсбург

НАПОМЕНА: После рокот, нема да можат да се купуваат блок билети за натпреварите во Лигата на Европа.

Билетарницата на „Телеком Арената“ ќе биде отворена до 19 часот на денот на натпеварот од 1-вото коло од Лигата на Европа со Зенит, односно до 14-ти септември на два часа пред почетокот на мечот.

НАПОМЕНА: Прво ќе се продаваат електронски ваучери, кои подоцна ќе треба да се заменат со пластифицирани сезонски картички. За начинот на замената на ваучерите со картички, ќе бидете дополнително информирани.

ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, блок билет за сите три натпревари ќе изнесува 1.400 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.

За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, цената за билетите за сите три натпревари ќе изнесува 2.200 МКД, додека единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.

За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, блок билет за трите мечеви ќе изнесува 3.000 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.

РАСПОРЕДОТ НА ДОМАШНИТЕ НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР ВО ГРУПАТА „Л“ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

1. КОЛО – Вардар – Зенит     (14.09.2017)

3. КОЛО  – Вардар  – Реал Сосиедад (19.10.2017)

6. КОЛО – Вардар – Розенборг         (07.12.2017)

Билетите може да ги набавите на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

error: Content is protected !!