Launch in Macedonia ќе привлекува претприемачи од странство
Startup Macedonia ја објави брошурата Launch in Macedonia, чија цел е да ги охрабри интернационалните претприемачи да отворат свој стартап и да се запознаат со македонската заедница. Оваа брошура ќе им даде одговор на многу национални и интернационални претприемачи ЗОШТО да ја изберат Македонија како потенцијална дестинација за нивната нова иновативна компанија. Брошурата е само симболичен почеток на оваа кампањата на Startup Macedonia.
Брошурата содржи:
- Информации за постапката за регистрирање на компанија;
- Добивање на работна дозвола и дозвола за престој;
- Информации за co-working простори во Скопје, организации кои поддржуваат стартапи; инвеститори и многу повеќе.
Ако сакате да се запознаете подобро со целиот еко-систем и можностите, можете да се пријавете за одличната #SwissEP Entrepreneurs In Residence програма.
Startup Macedonia е основана како непрофитна Асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, акцелератори и инвеститори кои ќе работат заедно да креираат средина во која иновативноста ќе биде наградена и новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси.
Брошурата можете бесплатно да ја симнете на: