Кинескиот конкурент на Uber што ќе му го земе тронот

На пазарот на превозни услуги во моментов постои само еден моќен владетел – Uber. Но, во Кина доби конкурент кој би можел наскоро да стане глобална приказна. Станува збор за DiDi, кој минатата година го превзеде работењето на Uber во Кина и во моментов има 95% удел на тој пазар.

Без разлика што Uber во моментов работи во повеќе од 400 градови низ целиот свет, и има 40 милиони корисници месечно и вредност од 69 милијарди американски долари, тоа и не е некоја предност. DiDi има 100 милиони корисници месечно и работи во над 400 града и има вредност од 50 милијарди долари.

Во моментов работењето на оваа брзорастечка компанија највеќе се базира на Кина и нешто помалку на нејзината околина, што значи дека потенцијалот што го има е многу голем, а со тоа е сосема јасно дека Uber има зошто да е загрижен.

Особено од тоа што пазарите кои DiDi ги контролира не постојат проблеми со регулативите, законите и се што би можело да биде препрека во работењето, па со самото тоа ширењето низ светот би било помалку ризично со обѕир на темелите кои се веќе исклучително цврсти.

Покрај сето ова, Uber дома во САД доживува една серија на надоѓање на конкуренти, кои ги предводи Lyft, што значи дека за многу брзо по сите параметри би можел да стане најака компанија во светот во својата област.

uberdidi__15

error: Content is protected !!