ЕУ со даночен удар по Google, Amazon и Facebook!

Европската комисија сепак нема да ги чека Соединетите Американски Држави или други земји кои не се членки на Европската Унија, за да ги покачи даноците за Google, Amazon и Facebook и останатите мултинационални компании чие работење се темели на интернет. Оваа одлука дојде откако во ЕУ сфатија дека многу време ќе помине ако чекаат на заеднички став.

На почетокот планот бил да се воведе единствен дигитален данок на глобално ниво, но никако не се можело да се дојде до договор, па ЕУ се одлучи да го воведе данокот на својата територија, по нејзини правила и со согласност од сите членки на ЕУ. Секако треба да се почека тоа да стане службена одлука, а такво нешто нема да биде лесно, затоа што на пример Ирска има своја даночна политика и ужива во фактот што е оаза за големите компании. Такво нешто тешко дека ќе сакaат да се промени без борба. Баш како и Луксембург кој исто така по прашањето за даноците има блага политика.

Тоа би можело да се спречи со одлука која оневозможува вето на се што се однесува на даночна политика. Ако се направи овој според многумина радикален потег, веќе во декември  би можеле да видиме на ниво на ЕУ нов начин на оданочување на големите интернет компании. Сепак тоа што е сигурно е дека до таква ситуација ќе дојде после многу борби на сите можни нивоа.

А во теорија, оданочувањето би било многу интересно затоа што веќе нема да се базира на профит туку на приходи. Не е тајна дека компаниите често пријавуваат послаб профит, дури и минус на крајот на фискалната година, само за да платат помали даноци. Со приходите ситуацијата е поинаква, и затоа ЕУ планира оданочување баш на тој сегмент. Но такво нешто сепак не би било потполно фер па се наведуваат уште две можности- директно оданочување исклучиво на компаниите кои работат на интернет или оданочување на приходите од огласување.

Ако некој на крајот се прашува зошто е ЕУ толку агресивна по овие прашања, доволно е да се види податокот дека од периодот од 2013 до крајот на 2015 година само Google и Facebook успеаа да избегнат да платат 6,42 милијарди американски долари,  благодарение на непостоењето на даночни регулативи кои се однесуваат на дигиталните компании. Во исто време, овие две компании имаат земено голема количина податоци од своите корисници, и ги  преносочуваат кон разни страни и на тој основ земаат дополнителни приходи.

Но познавајќи ги Google и Facebook нема да седат со скрстени раце и сигурно ќе имаат свој одговор на сето ова, а каков ќе биде одговорот ќе треба да почекаме.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!