Во Словенија Bitcoin ќе може да се купи од банкомат!

На одредени банкомати во Словенија ќе може готовински и со картица да се купи bitcoin со таканаречениот Bitins купон.

Водечката криптовалута со тоа ќе стане подостапна и поедноставна за користење. Купувачите ќе можат од банкомат да купат со картица или готовина купон Bitin, и во замена за биткоини, да го уновчат на веб страната www.bitins.net со најниска провизија во Словенија. Купоните од Bitins исто така овозможуваат и купување на други криптовалути, како што е на пример ethereum.

Системот за продажба на bitcoin купони е во соработка со LON и компанијата KЕАS d.o.o (компанија за банкомати) го развија односно основаа Bitins LTD, коj е едeн од водечките во нудењето на решенија за продажба на Bitcoin купони во регионот.

LON d.d со ова стана прва банкарска институција во светот коja овозможува купување криптовалути на конвенционални банкомати.

Првото службено купување на Bitcoin купон го направи Jaka Vadnjal, претседател на управата во LON, пишува Ljubljanski Dnevnik.

Во Македонија ова е сеуште на ниво на научна фантастика.

error: Content is protected !!