Стартапот Mint Labs на македонката Весна Прчковска доби милионски инвестиции

Додека Македонија мака мачи да направи квалитетни стартапи и да успеат да ja пробијат бариерата од 1 милион евра инвестиција, македонците низ светот немаат таков проблем. Уште еден доказ за тоа е и Mint Labs, стартап основан во Барселона, Шпанија каде што македонката Весна Прчковска е ко-основач.

Станува збор за стартап кои има изработено, револуционерна компјутерска софтверска платформа што е наменета за институции кои работат на откривање и развој на нови лекови за невролошки болести. Тоа е платформа која се користи за зачувување и процесирање на слики добиени по пат на магнетна резонанца кои имаат за цел да го забрзаат процесот на откривање и развој на нови лекови за невролошки болести.

Во стартапот  Mint Labs каде што ко-основач е Весна Прчковска се вработени луѓе од различни делови на светот, но меѓу нив има и уште еден македонец кој порано работел како асистент на ПМФ а сега е задолжен за развојот на софверската платформа.

Кога станува збор за инвестициите кои ги добила Mint Labs, има прилично импресивно портфолио од инвеститори при што американски инвеститори вложиле 3 милиони евра, но најголемото вложување е од калифорниска компанија за VC инвестиции и од еден ко-основач на фармацевтска компанија. Покрај сите тие инвестиции, уште неколку познати американски инвеститори станаа партнери во нејзината компанија.

Проценатата вредност на Mint labs е 11 милиони долари. Нејзиниот успех беше препознаен и од хрватското издание на магазинот Forbes кој ја стави Весна на својата насловна страница заедно со уште неколку балкански претприемачи под 35 години, со наслов: Паметни, храбри и знаат што сакаат.

Дефинтивно кај македонците има потенцијал, кој треба да се искористи, зошто ако не го искористиме тука во Македонија ќе го искористат западните држави, а на нас ќе ни останат трошоците кои сме ги имале за нивното образование кај нас. А тие со својот труд и знаење ќе допринесуваат за раст на  БДП на некоја друга западна држава.

error: Content is protected !!