Колкав бил кодот на Маргарет Хамилтон што не однесе на Месечината?

Многумина знаат за Аполо програмата, и за вселенското летало Аполо 11 кое било лансирано на 16 јули 1969 година од космодромот Кејп Кенеди, а на 20 Јули 1969 година се спуштилo на површината на Месечината каде што Нил Армстронг и Едвин Олдрин ги направиле првите чекори на Месечината во историјата на човештвото а Мајкл Колинс за тоа време орбитирал околу Месечината.

Но многу малку луѓе знаат за Маргарет Хамилтон, кога таа почнала со пишување на компјутерски код на Институтот за технологија во Масачусетс, како млада вработена мајка во шеесетите години на минатиот век, терминот софтверски инженер воошто и не постоел

Тоа достигнувањe во софтверското инженерство,и овозможи да се најде помеѓу ретките добитници на Претседателскиот медал на слободата, највисоката цивилна награда.

На сликата е Маргарет Хамилтон водечкиот софтверски инженер на Аполо проектот, како стои до кодот што рачно го напишала, и кој го однесе човекот на Месечината.

kod za mesecina tri sliki__15

error: Content is protected !!