Исповест на Хрватот кој заминал во Исланд, неверојатна приказна

Парламентарниот претставник Горан Алексиќ на својата Фејсбук странa сподели интересни забелешки на еден Хрват кој одлучил својот живот да го продолжи во Исланд. Горан Алексиќ е член на партијата СНАГ,тој никогаш не го запознал лично овој господин, нарекувајќи го несудениот пријател, но овој човек во детали го опиша неговиот почетокот во земјата во северниот дел на Атлантикот.

Господинот не зборуваше премногу за причините зошто тој си замина од Хрватска, но совршено добро го објснил тоа што го дочекало во Исланд. Од насмеани домаќини, супер-поштени работодавци, до банки каде што служат кафе. Тој објаснува дека најмногу го изненадил фактот што на неговата прва плата не морал да плаќа придонеси и даноци, туку му го исплатите целосниот бруто износ.

Неговиот статус во целост.

7 септември

Здраво Горане, Еве ви се јавувам од далечниот Исланд, Да… Отидов на Исланд да работам, Мислам дека во Хрватска, на жалост, нема повеќе смисла да живеам и да работам, се се врти околу тоа кој кај бил во 1941, 1945 или 1991 година… кој усташ, а кој партизан…. Не сакам моите деца да мораат да живеат во такво друштво. Со тек на времето и тие ќе дојдат овде. Овде се цени работата, добро се плаќа работата, сите се среќни, насмеани, пристапни, срдечни (веројатно затоа што немаат усташи и партизани). Овде нема шанса работодавецот да те зафркне ниту за една куна! Главниот збор што се однесува на работниците и работодавците ги водат синдикатите.Кои на Исланд ги има, мислам три. Секој жител на Исланд добива свој kennitalu тоа е личен идентификациски број, а секој работодавец е должен да има на работа еден дигитален саат во кои работниците го запишуваат својот личен идентификациски број кога дошле на работа и кога си отишле од работа, тој саат е од синдикатите, тие на тој начин контролираат дали е се во ред со саатницата односно на крајот од месецот и со платата.

Платата на Исланд се исплаќа на секој први во месецот, без исклучоци, ако први се паѓа за викенд или неработен ден тогаш се исплаќа ден пред тоа. Пред некој ден се прошетав низ Рекјавик и отидов во банка да променам евра. … Прво во банката ќе ве дочека еден господин во одело кои ќе ви даде број за услугата за која чекате и после чекате…. Со кафе, читање весник… Во банката е гужва а сите се насмеани, и се си мислам да не сум влегол случајно во некој кафич… Доаѓа една госпоѓа која ги собира шољите и ве прашува дали сте за уште едно кафе…И така… Тука нема ни erste ниту addiko ниту hypo нити sberbank … Само нивните исландски банки … Ете … Толку од мене. Се надевам дека не ве гњавев. Ќе ја пратам и понатаму вашата работа и работата на вашата партија која ја подржувам. Жал ми е што не сте имале време за нови пријатели, да се запознаеме и да испиеме заедно по една пијачка, но можеби во некоја друга прилика. Поздрав.

За повеќе од 20 години стаж колку што имам за прв пат се чувствувам ценето на работа, се чувствувам тука како да сум со години а не една недела….

Немаш поим колку ми беше тешко да го напуштам својот дом, семејството, Хрватска… Убавата наша Хрватска. Која ја силуваат секојдневно разни карикатури на различни можни начини. Пробај нешто да направиш со коалициските партнери за конечно веќе да дојде некој без било какви симболи.

20 септември

Здраво, една занимливост која можеби би било паметно и во Хрватска да ја воведеме. Не сум знаел, но првата плата која ќе ја добиеш кај некој работодавец се добива бруто на сметка, значи првиот месец не се плаќаа даноци и останати работи…

9 октомври

Здраво Горан! Како си? Еве малку да се јавам….. Јас сум добро….. Освен што ми фали семејството, се друго е супер. Ја добив првата плата… Можам да речам дека е “парламентарна” втората најверојано ќе биде премиерска! Тоа што ме изненади овде при отворањето на сметка во банка е дека банката не наплатува ништо за водење на сметката, тоа се го решава работодавецот, јас плаќам евентуално надоместок ако сакам да ја пречекорам сметката но тоа е нормално. …Втора работа е што во банката се наоѓа мојот извадок од платата ако го сакам на рака им кажувам само да ми го испринтаат. Овде се ама буквално се од трговија, фризери….. Се Се… Се плаќа со дебитна картичка, речиси никој нема готовина со него, тоа ми е многу чудно но полека се навикнувам… Луѓето се фантастични, вчера бевме на пијачка после работа. Хрвати, Латвијци,Литванци,Филипинци, Чеси и неколку Исланѓани…. Предобро, сите збориме на англиски, нема политика, нема усташи и партизани, само големо пријателство. Исланѓаните се генијални луѓе, ќе ти помогнат кога треба колку треба….. Ете… толку за сега….

Инаку…животот овдека е многу скап, но за разлика од Хрватска каде платата на касиерот е 3000 куни (400 евра),овде е 3000 евра и секако убаво ќе заштеди… Овде ако на некого му рокне фрижидерот или машината за перење, не мора да крши глава како да ја купи, иде и ја купува… Не е како кај нас да мора на 24 рати во Pevec, па да работи додека не ја отплати. Имаат пари таман колку им е потребно за нормален живот, а не за живот на кредит.

Место Хрватска читајте Македонија. И место, усташи и партизани читајте ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и текстот е како Македонец кој живее во Исланд да го пишувал

error: Content is protected !!