“Лудата” одлука на Apple од пред 20 години заслужна за нивниот успех

Професорот по маркетинг Scott Galloway  ја објасни одлуката која Apple ја донел пред 20 години, а кои многу тогаш ја нарекуваа луда и неверојатна. Но баш таа одлука се покажала клучна причина за експлозивниот раст на Apple во однос на Samsung.

Тогаш, објаснува Galloway , Apple  се одлучи да вложува во нешто што се смета за застарено и што треба да исчезне.

Иако мнозинството луѓе би рекле дека за успехот на Apple, клучна била одлуката да се лансира iPhone, Galloway  е уверен дека најголемата предност на Apple  ја дава вредноста на неговиот бренд. Што во Apple направија поинаку и како постогнаа да имаат таква вредност на брендот? Samsung, нивниот најблизок конкурент, двојно повеќе вложува во класично огласување како и во online огласувањето. Каде тогаш Apple одлучи да го реинвестира својот капитал? Во своите продавници. Вредноста на  неговите продавници денес се мери во милијарди долари, а купувачите во неговите продавници влегуваат за да остварат физички контакт со производите односно на таков начин создаваат однос спрема брендот.

И така го имате тој храм посветен на брендот кои вам ви носи неверојатно искуство и се вика – Apple Store. Ако се спореди Apple Store со купување на паметен телефон во блиската телеком продавница тоа се чини просечно.

“Одлуката да вложува во свои продавници се смета за една од одлуките кои ја создадоа најголемата вредност на некој бренд во новата историја” заклучува Scott Galloway за Business Insider.
appstorembh

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!