ЕУ призна: Не можеме да го спречиме Северен тек

Европската комесарка Margrethe Vestager изјави за новинарите во Литванија како ЕУ нема правни средства за стопирање на гасоводот кој би требало да испорачува природен гас од Русија во Германија.

“Како што кажа претседателот на Европската комисијата Jean Claude Juncker, проектот Северен тек не е проект кој е во интерес на Европа. Сепак, мислам дека веќе признавме како немаме никакви правни средства тоа да го спречиме, но имаме правна основа по која можеме да тврдиме дека гасоводот не е во правен вакуум” изјави она.

И таа додаде ” Ако во меѓувреме нешто не се промени, би било добро да имаме договор за тоа што ќе се прави со инфраструктурата”

Руски Газпром има намера двојно да го зголеми капацитет на постоечкиот гасовод Северен тек. Литванија во принцип го поддржува проектот, но поборниците тврдат дека тој ќе ги намали цените на гасот во Европа.

Кога Балканот е во прашање, кој го врти да не употребиме друг збор. Значи Северен тек може, Јужен тек не може. Германците кои плаќаат најевтин гас во Европа може уште еден Северен Тек 2, за Балканот не може никаков Јужен тек, плус ако споредиме по која цена Балканот го купува рускиот гас а по која цена Германија, разликата е огромна се разбира на штета на балканските држави.

Дали некој министер за надворешни работи од Балканот ќе го постави ова прашање во Брисел? Тешко, зошто може да го искараат па после нема да го викнат на сликање и ручеци, и тоа ќе биде голема загуба за неговата држава.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!