Рускиот терминатор што се вика Ratnik 3

Русите го претставија во Москва, Ratnik 3 односно војникот наменет за 21 век, и ги покажаа сите иновации кои се вградени во новото војничко одело, кацига и чизми. Командантот на руските копнени сили, генерал-полколковник Oleg Salyukov објасни дека го довршуваат научното истражување на креирањето на нов руски војник кој со новата опрема ќе биде скоро двојно поподвижен и издржлив, односно поспособен да извршува задачи.

Високото технолошко одело е засилено со надворешен метален костур, кој е замислен да ја подобри силата и издржливоста. Исто така е прекриено со оклопни плочки, кои заштитуваат голема површина на телото од ранување, па дури и саат кој може да преживее нуклеарен удар (ако удри атомска бомба најмалку битно ќе му биде колку е саат ама нема врска).

Комплетот Ratnik содржи пет интегрирани информатички системи кои вклучуваат животна поддршка, командување, комуникација, подсистеми за ангажирање на војникот, и систем за заштита и заштеда на енергија. Оделото е прилагодено за сите временски услови.

Ratnik 3 e опремен со вкупно 59 предмети, вклучувајќи заштитна кацига, борбена едноделна облека, слушалки со активна заштита, заштитни наочари, фрлач на гранати, пушка со два различни калибра, снајперска пушка, муниција, борбен нож, механизам кои служи за извидување со термичка и оптичка слика. Оделото е прекриено со оклопни плочки кои го штитат поголемиот дел од телото, а на нозете се чизми кои воедно имаат вградено и детектори за нагазни мини.

Ratnik 3 е развиен и претставен во Националниот универзитет за наука и технологија во главниот град на Русија. Во некоја наредна прилика ќе напишеме и за американскиот пандан на Ratnik 3. Очигледно воената индустрија со помош на високата технологија отвори поле за нов натпревар како технолошки така и економски помеѓу Русија и САД.

И за крај видео како изгледа Ratnik 3.

error: Content is protected !!