Словенија до 2030 ќе биде држава без автомобили на бензин и дизел!

Словенечката влада во четвртокот го усвои новиот национален план во секторот енергетика кога станува збор за алтернативните горива, според кој по 2030 година ќе се забрани регистрација на автомобили кои користат дизел и бензин.

Како што пренесува словенечката информативна агенција, владата избегнала целосна забрана и наместо тоа, поставила горна граница за јаглероден диоксид од 50 грама на еден километар. Овие услови во овој момент ги задоволуваат само електричните односно хибридните возила.

Во извештајот на STA се наведува дека стратегија исто така повикува на изградба на инфраструктура за алтернативни горива како би се проширила моменталната мрежа на станици за полнење за речиси сто пати, односно од сегашните 227 на 22 300 колку што би требало да бидат до 2030 година.

Словенија уште пред 6 години започна со воведување на автомобили што се движат на алтернативни видови енергија кога во 2011 година во својата држава постави околу 100 станици за полнење.

Владата очекува бројот на автомобили што се движат на нови видови енергија, електрични или хибридни возила да достгнат 200 000! или околу 17% од вкупниот број автомобили на словенечките улици.

Податоците од државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот од 2016 година, во оваа држава е регистрирано 1,47 милиони возила што е пораст од 2% на годишно ниво.

error: Content is protected !!