Најуспешните преку цитати кажуваат што ги направило успешни

Овие луѓе го сменија светот во кој живееме на подобро, ова се едни од нивните најдобри цитати, како и водич за успех.

“Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе да мислат дека не можат да изгубат” – Bill Gates

“Не можете да ги споите точките гледајќи напред, можете да ги споите единствено гледајќи наназад. И така морате да верувате дека точките некако ќе се спојат во иднина.” – Steve Jobs

“Alibaba не е само работа. Тоа е сон. Тоа е причина. Поради тоа Wall Street не проколнува” – Jack Ma

“Работете ја својата работа. Работете и повеќе отколку што треба. Не постои пократок пат.” – Mark Cuban

“Луѓето сакаат да работат со некој кој им се допаѓа. Ако на луѓето  сте им симпатични, ќе сакаат да работат со вас.”- Barbara Corcoran

“Мислам дека ова е проблем сo конкуренцијата: се фокусира на луѓето околу нас, и додека стануваме се подобри во работите околу кои се натпреваруваме, губиме допир со она што е навистина важно и што допринесува на светот околу нас.” – Peter Thiel

“Секогаш сум работела на работи за кои не сум била спремна до крај. Мислам дека така се напредува. Кога постои тој момент: Не сум сигурен/а дека можам тоа да го направам а тогаш продолжете, тогаш сте ја направиле вистинска позитивна промена.”- Marissa Mayer

“Кога сте фокусирани на конкуренцијата, морате да чекате и да следите кој следен чекор конкуренцијта ќе го направи. Кога сте фокусирани на клиентите, тоа на вас ви овозможува, да бидете пионер во нешто” – Jeff Bezos

“Мајка ми ме научи никогаш да не гледам назад и да не се каам за некои работи во минатото, туку да продолжам. Секогаш ме изненадува колку енергија луѓето трошат каејќи се поради тоа што го  направиле а  не ја вложуваат волјата на некои други проекти.” – Richard Branson

“Потребно е 20 години за да се изгради репутација и 5 минути да се уништи. Кога така размислувате, и работите ќе ги правите на друг начин” Warren Buffett

Дали Македонија треба да воведе прогресивен данок?
Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!