Ќе гладуваме ако не го зголемиме производството на храна за 60%

Во 1900 година еден земјоделец можел да нахрани четири луѓе, додека во 2012 година еден земјоделец можел да нахрани дури 129 луѓе. Како да се произведе доволно храна глобално е прашање кое не засегнува сите и затоа секоја година 16 октомври се обележува како Светски ден на храната.

Поради факторите како урбанизација, ерозија на тлото, ширењето на пустините и климатските промени, бројот на обработливи површини се намалува, а светската популација и понатаму продолжува да расте. До 2050 година се очекува дека ќе имаме 3 милијарди повеќе жители на планетава. Во исто време се очекува обработливата површина по глава на жител да се намали за 17%, тоа значи дека на помалку земја од што имаме сега, мораме да произведеме повеќе храна.

Производството на храна мораме да го зголемиме за 60% ако до 2050 година сакаме да ја прехраниме планетава проценуваат експертите. Во исто време, на Светскиот ден на храната се актуелизира и прашањето на нерамномерната распределба на храна во светот, како и потребата за подигнување на свеста за фрлањето на храната. Дури третина од вкупно произведената светска храна доволно да прехрани 3 милијарди луѓе годишно, се фрла во процесот на производство или едноставно завршува во канта за ѓубре.

Македонија има многу големи површини необработена земја, дали ќе ги искористиме и од тоа ќе направиме добар бизнис, кога во иднина храната ќе биде уште повеќе барана од денес, останува на нас. Но едно е сигурно Македонија има потенцијал, а како ќе го искористи зависи од сите нас.

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!