Morgan Freeman ја открива дисциплината која му овозможи да работи и на 80 години

Од Morgan Freeman нема скоро човек на планетава што не гледал некој филм или документарец. Тој глумеше и во еден од најдобрите филмови на сите времиња The Shawshank Redemption кој е на делба на првото место заедно со Godfather на листата на IMDb.

Во интервју за познатиот “Business Insider” Morgan Freeman зборуваше за својот пристап кон самодисциплината која за него има некој вид на војничка строгост и која му овозможува да биде витален и во животот и во кариерата.

“Вежбањето е дел од таа дисциплина. Начинот на кој јадете е ваша дисциплина. Се трудам да не се прејадувам. Една од работите која ја открив е дека прејадувањето е навика, а не нужна потреба. Затоа е многу подобро јадењето да го сведете на потреба”, изјавил Freeman. Тој ги споредил прехранбените навики на современото американско општество со прехранбените навики некогаш кога дебелината била ретка, а работата била физички понапорна поради што храната претставувала “гориво”.

“Знаете дека во САД има повеќе дебели лица отколку на друго место. Тоа е поради тоа што постојано се јаде. Во периодот кога сите работеле физички напорни работи, кога за работата користеле мотика, секира и различни видови алат, работниците правеле пауза за јадење за да имаат енергија. Денес се случува да станете наутро, да измиете заби, да се облечете, да возите до работа и да седнете пред компјутерот”, изјави Morgan Freeman.

Morgan Freeman не кажа ништо ново, но не потсети сите нас дека прејадувањето не прави поспори и помалку продуктивни, и е апсолутно во право дека не трошиме толку енергија како порано поради промената на работните места што ни ги донесе технологијата, бар кај повеќето во професиите во 21 век.

Дали Македонија треба да воведе прогресивен данок?
Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!