Jared Leto е добар актер уште подобар инвеститор и одличен животен советник

Jared Leto сега е многу актуелен поради улогата во филмот Blade Runner 2049, но и пред овој филм има глумено во неколку добри филмови како на пример Requiem for a Dream и Dallas Buyers Club. А исто така е пејач и во групата 30 Seconds to Mars.

Сепак тоа што многу луѓе не го знаат е тоа дека тој е инвеститор и сопственик на удели во Snapchat, Spotify и Reddit.

Wall Street Journal октрива која е неговата најдобра стратегија која му овозможува да постигне се. Leto ќе изјави дека тоа е “само работа” или поточно. “Само еб*на работа и ништо друго” е точната изјава на Leto.

Затоа никогаш нема да го сретнете на работен доручек или на деловен ручек. Стратегијата на Leto e во склад со советите на некои психолози и експерти за продуктивност, кои кажуваат дека треба да се избегнува непотребното вмрежување и поврзување поради “вистинската работа” која треба да се направи.

За Wall Street Journal ќе изјави “Сакам да работам, Не идам на вечери, не идам на ручеци, а ни на доручеци. Не доручкувам со деловни луѓе. Само работам. Тоа е она што сакам да го работам, и затоа добро ми иде. Не земам ништо здраво за готово ниту една секунда”.

Психологот Adam Grant објаснува дека вмрежувањето не води секогаш кон успех – често е обратно.

“Не сакам трошење време на глупости” ќе изјави Leto. “Опседнат сум со ефикасноста. Долго го вежбав тоа што успешните луѓе го практикуваат, а тоа е често да кажуваат- не, дури и на работи кои се добри прилики”

Дали Македонија треба да воведе прогресивен данок?
Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!