Рован Аткинсон од жртва на насилство и потсмев до светска слава

Роден е во 1955 година во градот Консет градче со 25 000 жители во северниот дел на Англија, тој бил најмладиот од четирите браќа.

Како дете многу пелтачел и тешко ги изговарал согласките. Поради неговото пелтачење бил постојаната мета на насилство и потсмев од страна на неговите врсници. Но малку познат факт е дека во основното училиште тој заедно го завршил со поранешниот бритрански премиер Тони Блер со кого бил добар другар. Но, нивните кариери ќе ги однесат на сосема различни насоки.

Сепак насилството што го трпел како помлад од другите не дозволил да му го ограничи и уништи животот и  покрај сите тие трауми што ги поминал ќе успее да стане дипломиран електроинжинер на универзитетот Квин во Оксворд.

Во 1990 година самиот ќе ја направи серијата Мистер Бин, која за прв пат ќе се емитува во 1992 година и ќе трае се до 1995 година при што ќе стане една од најпоплуларните серии во светот на сите времиња.

Освен што Рован Аткинсон ќе ја игра главната улога на Мистер Бин во серијата уште позначајно и поинтересно е тоа што тој самиот ќе ги смислува и пишува сценаријата за епизодите во серијата. При што ќе успее да го засмее светот без да изговори ниту збор и ќе стане еден од најсаканите комичари на сите времиња.

Интересно е што како близок пријател на кралското семејство присуствувал на венчавката на Чарлс а подоцна и на венчавката на негиовиот син Вилијам.

За време на еднo семејно патување за Кенија тој успешно ќе го спаси авионот од уривање, кога пилотот на авионот се онесвестил. Рован Аткинсон е добитник на бројни награди како домашни така и странски. Кралицата на Обединетото Кралство го има прогласено за командант на Редот на британската империја. (продолжува на страна 2)

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!